понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Скандалозно: Обезбедувањето на ЕК го прошверцува Сорос, избегнувајќи ги новинарите

soros

Европската комисија денеска на високо ниво го пречека американско-унгарскиот милијардер Џорџ Сорос во Брисел, но ги изигра заинтересираните новинари да го снимат доаѓањето на основачот на Институтот Отворено општество во зградата „Берлемонт“ за средба со претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер, со неговите заменици Франс Тимерманс и Јурки Катаинен, како и со еврокомесарката Вера Јурова.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас, на денешната прес-конференција беше изненаден од информацијата дека обезбедувањето на Комисијата буквално го прошверцувало Сорос, избегнувајќи ги новинарите и фотографите за официјална фотографија, што е редовна пракса за сите официјални гости на неформалната Влада на Европската унија.

– Ние секогаш органзираме фото-можност за сите посетители во Комисијата. Не знам дека се случил таков инцидент. Сите состаноци што ги објавуваме во календарот се достапни и се организираат транспарентно- беше изненаден Схинас.

Во контекст на средбата Јункер – Сорос, гласноговорникот на Еврокомисијата посочи дека тие двајца „се познаваат многу години“ и дека нивното пријателство датира од 1995 година. Во однос на темата на разговорот, Маргаритис Схинас рече дека тоа „освен за случајот со Централно-европскиот универзитет во Будимпешта“ дека ќе биде и за случувањата во Украина.

Запрашан што има претседателот на Европската комисија да разговара со американскиот милијардер за Украина и која е улогата на Џорџ Сорос во украинските случувања за Јункер да дискутира со него за тоа, портпаролот на ЕК со одговор:

– Јункер ја следи лично Украина и знаете дека Еврокомиијата има одлучувачка улога во реформскиот процес што се одвива во земјата. Гостинот, исто така, добро ја познава земјата и нормално е нивниот состанок да се искористи и да разменат мислења за овие активности- појаснуваше портпаролот Схинас.
Запрашан дали Жан-Клод Јункер го слушнал вчерашниот говор на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Европскиот парламент во Брисел, каде тој за Сорос рече дека е финансиски шпекулант и дека никој од Европската унија не треба да го прима на гости, гласноговорник на Комисијата одговори дека „Јункер одлучува за својата агенда и никој друг“ и дека „претседателот на ЕК нема навика да преговара со другите за својата агенда“.

– Двајцата се знаат повеќе од 20 години и нема ништо драматично во овој состанок- потенцираше портпаролот на ЕК, Маргаристис Схинас.

Според најавите, по средбата Јункер – Сорос, како и по состаноците што американско-унгарскиот милијардер ќе ги има со другите челници на Европската комисија, нема да има прес-конференција, ниту изјави, туку само „исчитување“ од Комисијата за тоа што е разговарано на средбите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top