петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 67 ново

„Ирис“- новата пролетна колекција на Росица Мршиќ

Пролетната колекција на Росица Мршиќ за 2017 година „Ирис“ е инспирирана од британската уметница Ребека Луис Ло која изработува флорални инсталации и уметнички дела посветени на циклусот на постоење. Колекцијата има софистицирано релаксирана силуета која во некои елементи има допир со спортскиот изглед, а сето тоа е претставено во чиста и префинета линија што дизајнерката ја негува секоја сезона. Колекцијата е наменета за модерни жени со истенчен вкус, изграден стил и индивидуалност.

rosica-spring20171

Колекцијата изразува спонтаност и леснотија а изборот на материјали од кои е направена го нагласува таквиот впечаток. Модните парчиња се рачно изработени и се дополнети со црни цветни детаљи, кои даваат контраст на основата. Колекцијата е изработена во препознатливите црна и бела боја, а додавањето кралска сина, пудра розева и цветни дезени ја одразува инспирацијата од делата на Ло.

rosica-spring20175

Во секоја колекција, дизајнерката го разработува сегментот на пазарот што недостасува – современи и удобни дизајнерски парчиња кои се носат во текот на целиот ден и вечер, а се изработени на етички начин и од високо квалитетни материјали. Космополитската естетика на модниот дизајн на Росица Мршиќ го овозможува пласманот на нејзините колекции на пазари од сите континенти понудени преку повеќе од 50 интернационални он лајн продавници.

rosica-spring20172

Колекцијата е достапна во студиото и на он-лајн продавницата на Росица Мршиќ, во продавницата Виа во Скопје, и на онлајн продавница Bastet Noir во Македонија.

rosica-spring20176

Top