четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 97 ново

Хјустон ја елиминираше Оклахома, Јута и Сан Анотнио поведоа со 3-2 (видео)

hjuston

Хјустон ја елиминираше Оклахома во првата рунда од плејоф серијата во НБА лигата, Јута поведе против ЛА Клиперс додека Сан Антонио славеше против Мемфис за водство од 3-2.

Хјустон славеше во Тексас во петтиот меч од првата рунда на Западот со 105-99 и со вкупни 4-1 оди во следната рунда натпревари. Домашните ги предводеше Џејмс Харден со 34 поени и 8 скока, додека на гостите не им помогнаа ниту оние 47 поени, 11 скока и 9 асистенции на Расел Вестбрук.

Хјустон во следната рунда ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Сан Антонио и Мемфис. А, Сан Антонио сега води со 3-2 откако синоќа славеше со 116-103. Спарси до победата беа предводени од Каваи Леонард со 28 поени и Пети Мајлс со 20 поени, а одлична партија пружи и искуснтниот Тони Паркер со 16 поени, два скока и шест асистенции. Најефикасен кај гостите беше Мајк Конли со 26 поени, додека Марк Гасол запиша 17 поени, пет скока и седум асистенции.

Нов пресврт во серијата е виден на дуелите меѓу Јута и ЛА Клиперс, откако гостите од Солт Лејк сити славеа во петтиот меч во Лос Анѓелес со 96-92, и исто така сега водат со 3-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top