четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 101 ново

Христијан Делев, заменик-министер за економија: Владата нема издадено никаква концесија за рудник во Гевгелија

Референдумот на кој гевгеличани гласаа против отварање на рудник на планината Кожуф, отвори многу полемики во македонската јавност. Заменик министерот за економија Христијан Делев во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на „Сител 3 Телевизија“, кажа дека досега никакво барање на концесија за експлотација на истото место се уште немало.

-Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност и пред гевгеличани, никакво барање за концесија за експлотација во Гевгелија не е доставено  до Министерството за економија, ниту до Министерството за животна средина – изјави Делев.

Министерот Делев смета дека ова што се случи во Гевгелија е вистинска лудост знаејќи дека нема никаква концесија за она за што се гласаше, тој најодговорно тврди дека Владата на Република Македонија нема издадено никаква концесија.

-Најодговорно тврдам дека Владата на Република Македонија нема издадено концесија за експлотација на металична минерална суровина во регионот на Гевгелија, ниту пак имаат побарано. Тоа е лудост што се случи во Македонија и затоа нам тоа, знаејќи дека нема никаква концесија, тоа не ни беше никаков проблем. Но таа една иста организација, меѓународна организација која стои зад сите овие случувања моментално во Македонија, веќе ја префрли битката во другите општини, таму каде што веќе имаме издадено концесии за рудници, кои што се издадени по сите светски норми и регулативи – изјави Делев.

Top