петок, 18 август 2017 | Вести денес: 74 ново

„За заедничка Македонија“: Не сакаме Влада скроена во Тирана, сакаме нови избори (фото)

Илиевски побара од сите 49 пратеници на СДСМ или како што тие велат дека имаат 67 да се согласат да се свика Собранието, со една единствена точка, свикување на предвремени парламентарни избори

Граѓаните на својот 58 ден од протестите по трет пат дојдоа пред седиштето на опозициската СДСМ, која за по секоја цена да дојде на власт ја прифати тиранската платформа, против која граѓаните веќе скоро 2 месеци секојдневно протестираат на улиците низ целата држава.

nova (1)

Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, во име на сите граѓани им порача на дека тие не сакаат влада скроена во Тирана.

-Граѓани за зедничка Македонија, доаѓаме тука по трет пат, првите два пати, баравме и од таа пратеничка група, како и од другата, најголемата во Собранието, отфрлување и откажување од Тиранската платформа. На „Павел Шатев“ не не слушнаа, тие не се откажаа од Тиранската платформа, но ниту ние не се откажавме од нашите барања. Покажавме дека сме посилни, граѓаните се посилни од тиранската коалиција, затоа немаат влада скроена во Тирана, затоа немаат претседател на Собранието, качен на таа Тиранска платформа, потпишана на масата на Еди Рама и нема да имаат – изјави Илиевски.

rast

Тој им порача дека граѓаните нема да дозволат джравата да биде поставена на патека од која повеќе нема враќање.

-Лажат дека 700.000 граѓани поддржале некаква си тиранска коалиција, тоа не е точно, вистината е еден милион и 200 илјади Македонци гласаа на изборите и ниту еден човек не гласал за таква платформа, ниту еден. Колку упорно и да се обидуваат да ја прошверцуваат со постизборна измама, да соберат доволен број на пратеници за да направат влада, нема да им помине, бидејќи граѓаните рекоа доста ни е, преку глава ни е, на крај на трпението сме, нема да дозволиме земјата да ни ја поставите на патека од која нема враќање. Не сакаме бинационална држава, не сакаме двојазична држава, сакаме мултиетничка Македонија,еднакво општество за сите граѓани – порача Илиевски.

gragjani

Илиевски побара од сите 49 пратеници на СДСМ или како што тие велат дека имаат 67 да се согласат да се свика Собранието, со една единствена точка, свикување на предвремени парламентарни избори.

gragjani-1 (1)

-Затоа денеска тука повторуваме, посилни сме од тиранската платформа и неа нема да ја има, бараме предвремени парламентарни избори. Тие не ги сакаат бидејќи знаат што ќе се случи на изборите, знаат дека граѓаните на Република Македонија нема да гласаат за програма создадена во Тирана или било каде надвор од Македонија. Меѓутоа тоа што тие го сакаат е нивни проблем, тоа што ние го сакаме е причината поради која 58 дена сме тука и ќе продолжиме да доаѓаме и ќе направиме се што треба за да спречиме шверцерај и уништување на суверена Република Македонија. Бараме од сите 49  или 67, колку и да се бројат пратеници колку што они ги имале, да се согласат да се свика собранието и да има само една точка на дневен ред, распишување на предвремени парламентарни избори, само така државата повторно ќе ја направиме функционална, ништо друго нема да им помине, изјави Илиевски.

 

Top