вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 91 ново

Грчев: Не ја читав Тиранската платформа, ја сметам за нерелевантна

Васко Ефтов жестоко спротиставувајќи се на ваквиот одговор од професорот вели дека професор кој е колумнист на „Слободен печат“ и „Плус инфо“, кој ги дебатира и коментира актуелните политички случувања вели дека не ја прочитал Тиранската платформа, а тоа е исто како на времето тој да бил професор по марксизам, а никогаш да го нема прочитано Маркс

Експертот ангажиран од Катица Јанева и Претседател на Советот на интелектуалци на СДСМ, Мирослав Грчев во гостувањето на емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов рече дека ја нема прочитано Тиранската платформа и дека таа ја смета за нерелевантна.

-Не ја читав Тиранската платформа и ја сметам за нерелевантна за да биде тема во овој момент, не се бавев со читање во права смисла на зборот, ја прегледав и ја знам нејзината содржина и тоа е читање кога како читате весник, рече Грчев.

Васко Ефтов жестоко спротиставувајќи се на ваквиот одговор од професорот вели дека професор кој е колумнист на „Слободен печат“ и „Плус инфо“, кој ги дебатира и коментира актуелните политички случувања вели дека не ја прочитал Тиранската платформа, а тоа е исто како на времето тој да бил професор по марксизам, а никогаш да го нема прочитано Маркс.

Тој додаде и дека Тиранската платформа ја нема прочитано и тоа е минорна работа според него.

– Ја прегледав, значи јас сум професор и јас под читање подразбирам да се студира, вели Грчев.

Ефтов го праша Грчев дали тој не може да ја сфати грандиозноста на опасноста која и се заканува на Република Македонија? Држава која е соседна на Република Македонија, која веќе станува проблем во целиот регион каде што се заканува премиерот дека ако не го примат во ЕУ ќе се спои и ќе направи федерација со Косово, каде што премиерот Еди Рама и министерот за надворешни работи се спонзорите на Тиранската платформа, каде што не може ни влада да се формира ни од едната ни од другата македонска партија, без гласовите на трите албански партии кои што велат дека ова се црвените линии кои што заговараат двојазичност на целата територија на Република Македонија како и федерализација и небитно која македонска партија е на власт овде станува збор за темели на државноста на Република Македонија и Македонија со рамковниот договор не е тааа што беше и Македонија со Тиранската платформа ќе биде уште помалку Македонија во споредба со таа рамковна Македонија и вие сега тука говорите и политички пробувате и партиски да наметнете политички ставови без да го гледате државниот концепт, вие промашувате сереозно, многу сериозно вели Ефтов.

Бујар Османи во гостувањето во Телевизија Нова, вчеравечер јасно вели дека Албанците не биле задоволни од химната на Република Македонија.

bujar-768x399

– Никаде не не спомнува дека постоиме, дека сме се бореле за оваа држава, дека ќе продолжиме да живееме, значи буквално не исклучува од постоењето во Република Македонија и да ние не ја познаваме и не ја чувствуваме како наша таа химна и бараме да се отвори дебата дали за наредната година, дали за наредните десет години. Меѓутоа да знаат Македонците дека нивните сограѓани Албанци не се задоволни од химната и можеме можеби да најдеме некое решение како што е заеднички прифатливо за сите – истакна Османи.

Тој потенцираше дека истото се однесува и за грбот и за другите прашања кои што се ставени таму со цел отворање на дебата.

Top