петок, 18 август 2017 | Вести денес: 74 ново

Јовановски: Наместо СДСМ да навредува, да собере храброст и да се откаже од предавничката политика

Пратеникот Крстe Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, денес од собраниската говорница обраќајќи се до пратениците иод СДСМ нагласи дека наместо да се служат со невкусни навреди кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и кон граѓаните кои што секојдневно протестираат, да соберат храброст и да се откажат од предавничката политика која што ја водат.

Јовановски потенцираше дека видни функционери од СДСМ деновиве не бираат со какви погрдни зборови ќе навредат. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, велат дека се измет додека за народот кој што протестира, дека е измет од канализација. Јовановски додаде дека со слични навреди неодамна се служеше и Зоран Заев кој што граѓаните на кои претендира да им биде премиер, велеше дека не протестирале туку дека паламудат.

Top