сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 80 ново

Њукасл експресно назад во Премиер лигата, Бенитез го исполни ветувањето (видео)

njukasl

Фудбалерите на Њукасл од следната сезона повторно ќе играат во Премиер лигата. По денешната победа против тимот на Престон со 4-1, популарните „чавки“ и официјално можат да ја започнат својата прослава, бидејќи на две кола до крајот и математички го обезбедија пласманот во елитата на Англија.

Пред 50.000 гледачи на „Сент Џејмс Парк“ фудбалерите на Престон едноставно беа немоќни и на крајот се заслужено совладани. Пред почетокот на сезоната во Чемпионшип, предводникот на Њукасл, Рафаел Бенитез им вети на фановите дека тимот експресно ќе се врати во Премиер лигата.

rafa benitez

Водство за тимот кој го води Бенитез донесе Перез во 7. минута, а гостите израмнија во 14. минута преку Хагли и се чини дека тоа беше се од нив на денешниот натпревар. Пред самиот крај на првиот дел, Атсу донесе предност од 2-1 за Њукасл. Во вториот дел Ричи од пенал и Перез со вториот гол само ја потврдија победата, по која славењето на стадионот можеше да започне.

Top