понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 35 ново

Полесно повредени 15 лица во сообраќајки во Скопје

soobrakajka

Петнаесет лица се полесно повредени во осум од вкупно 14 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест е причинета материјална штета.

Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 17 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафор, како и кај 22 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Санкционирани се и осум возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 53 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 82 возила.

Денеска од 11:00 до 12:30 часот во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Едукативен автобус“, Одделението за превенција ќе реализира едукативно предавање во автобус на ЈСП „Скопје“ кој ќе се движи по траса со ученици од трето и четврто одделение од ООУ „Кузман Шапкарев“, населба Драчево, кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top