недела, 20 август 2017 | Вести денес: 56 ново

Ако барате работа во Германија, само во овие градови се исплаќа да заминете (ТАБЕЛА)

Овие германски градови го нудат најдобриот баланс меѓу работа и приватен живот

Новото истражување покажува каде во Германија најлесно ќе го најдете совршениот баланс помеѓу кариерата и личниот живот.

“Берлин и Франкфурт, не станува збор за вас. Вие дури и не влегувате во топ 10”!

Да излезете порано од работа во петок попладне или пак да го одведете детето на спортски натпревар, овие работи се дел од т.н. рамнотежа помеѓу животот и работата. Тие се важни за голем број германски експерти, покажуваат новите истражувања.

Од едно од нив се открива каде во Германија вработените можат да уживаат токму на таков начин на живот. Тоа е иницирано од социјалната мрежа „Xing“ и сајтот „kununu“.

Тие анализирале 65.000 листи на вработените од 30 големи градови во Германија. Податоците се од 2016-та година.

Според истражувањето вработените во Баден-Виртемберг имаат можност најчесто да работат од дома, споредено со било кој друг град.

Знаеме уште дека 56% од компаниите кои се земени во предвид во студијата, им овозможуваат да се работи од дома.

Седум од десет луѓе имаат флексибилност на работните часови.

Киел и Карлсруе се на прво и второ место по индикатор – процент на вработените, на кои им се нуди грижа за децата. Процентите се соодветно 23 и 22.

На второ место е Минстер со 3.64 од 5.

Баден-Виртемберг е на третото место со 3,6.

Друг популарен германски град, кога станува збор за рамнотежа кариера/личен живот – Бон, е на четвртото место, следен од Минхен.

Германската престолнина – Берлин, е едвај на 22-ро место, а точно пред неа е Франкфурт.

Четирите градови во самото дно на листата се Есен, Менхенгладбах, Дуисбург и Гелзенкирхен.

Top