понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Дом со мирис на пролет

130417-mirisi proljeća 8Вештачките освежувачи на воздухот не им се ни до колена на природните кои моеме самите да ги направиме по сопствен вкус. Исто така, природните се многу помалку алергени, па можат да ги користат и семејства со мали деца. Ви нудиме неколку начини на кои ожете да внесете пролет во домот.

Освежувач од лаванда

130417-mirisi proljeća 2

Лавандата цвета кон крајот на пролетта и во почетокот на летото, па не е чудно што мирисот на лавада потсетува на сонце и природа. Освежете ја постелнината со мирисен спреј од лаванда, нејзиниот мирис ќе ве опушти и ќе ви помогне полесно да заспиете. Освен тоа, лавандата е делотворна против молци, па наполнете неколку вреќички со цветови лаванда и вметнете ги меѓу зимските алишта.

Потребни состојки:

40-50 капки етерично масло од лаванда

¼ шоља вотка без вкус или чист алкохол

3 ½ шољи дестилирана вода

шишенце со распрскувач

за чување стаклено шише од 1 литар со тапа

Свеќи во кора од лимон

130417-mirisi proljeća 4

Кора од лимон можете да ја претворите во калапи за свеќи. Со палење на овие свеќи воздухот ќе се исполни со чист мирис на лимон.

Потребни состојки:

органски пчелин восок, кој ќе го стопите и ќе ги наполните половинките кора од лимон

девени фитилчиња

Рузмарин, лимон и мајчина душица

130417-mirisi proljeća 3

Во шише со распрскувач ставете дестилирана вода, ризмарин, кора или сок од лимон и мајчина душица или кои и да било мириски полски растенија, ставете ги да преноќат за да се ароматозира водата и потоа користете ја за освежување на завесите и другите ткаенини во домот.

Мирисни теглички

130417-mirisi proljeća 5

Загрејте лонче со дестилирана вода и избрани мирисливи состојки: портокал, лимон, цитрон, копер, цимет и убавиот мирис ќе се распористрани низ домот. Потоа течноста ставете ја во теглички и распоредете ги низ домот

Јоргован

130417-mirisi proljeća 7

Јоргованите цветаат токму сега, а за да ги задржите во домот подолго, наберете цветови јоргован,с тавете ги во шишенца или теглички во кои има сончогледово масло. По две недели, процедете го маслото и ставете го во плитки садови пасоиредени по домот.

Кокосови свеќи

diy_candle_making_blog_1-1200x652

Знаете ли дека коксовото масло можете да го користите за изработка на свеќи? Летниот кокосов мирис можете да го комбинирате со лимонска трева.

Потребни состојки:

200 грама пчелин восок

1/3 до 1/2 чаша кокосово масло

50 до 75 капки етерично масло

фитил

огноотпорна тегличка (околу 330 грама)

дрвце

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top