вторник, 30 мај 2017 | Вести денес: 67 ново

Јоци до Жерновски: Дали ги сметаш центарци за луѓе со пилешки мозок?

joci

Жерновски успеал со сопствениот чудесен дигитрон да им каже на центарци дека се „скршил“ од работа и некако обновил еден отсто зеленило од вкупната површина на Центар, која е 7,52 квадратни километри или 7,5 милиони квадратни метри. Ма, бравоо ! Дајте тамбураши ! Уживајте во еден процент зеленило на човеков, пишува новинарката Јорданка Ивановска – Јоци на „Фејсбук“.

– Секако, на Жерновски му се измешале годините, па испуштил да каже дека од 2000 до 2004 година, градоначалник на Скопје беше другар му Ристо Пенов, од неговата партија ЛДП, кој во прв мандат беше избран од ВМРО, но во вториот отиде со СДСМ. А, СДСМ, владееше од 2002 до 2006 година. Добро, бројкиве ти ги проверува некој ? Туку, Пенов, во 2001 година, масакрираше 30 и нешто стогодишни дрвја на Кеј, десетина костени на плоштад и одзеде дел од паркот. Во негово време се одзеде и голем дел од зеленилото на Градски парк, за потребите на грамадата „Кинески ѕид“, чиишто диви делови Жерновски ги легализираше во јануари годинава со Одлука на Совет.

– Притоа, од 2000 до 2002 година Жерновски, му беше советник на Пенов, а, исто така, и Лилјана Поповска (за екологија и тоа. Да, врло веома смешно). Секако, во „отчетов“ – реклама, нема ни фотографии ни каде се тие фамозни локации што тој ги вратил во живот, според него. Кои населби ? Камооо ли да каже колку пари потрошил, каде и кои фирми работеле. Чисто да провериме.

– Мене, да речеме, сериозно ме интересира, а верувам и центарци, каде точно садел овој човек зеленило, бидејќи за четири години располагаше со вкупно 120 милиони евра буџет. (За 18 костени на Боемска, од 12.000 евра, кои ќе собираат чавки и ќе прават ѓубре наесен – знаеме! И тие ли влегуваат во 70.000 квадратни метри зеленило ? Како се мери костен?)

Воедно, најголемите зелени површини во Центар, имено, не се негова надлежност, па ги нема ни пипнато и не може ни да ги смести во бројкиве (Градски парк, Жена парк, дел од Водно, се под „Паркови и зеленило“).

Фотографии, бројки, пари, Жерновски!
Или центарци ги сметаш за луѓе со пилешки мозок?

(Статус на „Фејсбук“ на Јорданка Ивановска – Јоци)

Top