среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Вестбрук не можеше сам, Хјустон на чекор од второто коло (видео)

rasel vestbruk

Кошаркарите на Хјустон во неизвесна завршица славеа на гостувањето против Оклахома со 113-109, поведувајќи со 3-1 во плејоф НБА серијата.

Натпреварот во Оклахома беше израмнет во текот на поголемиот дел, Оклахома имаше и предност, дури 15 поени кон средината на третиот период, но Хјустон со феноменална игра во нападот во последната четвртина успеа да се врати, и на крајот да победи.

Хјустон до триумфот беше предводен од Нене со 28 поени и 10 скока, а го следеа Ерик Гордон и Лоу Вилијамс со по 18 поени. Џејмс Харден постигна 16 поени.

Кај Оклахома извонреден беше Расел Вестбрук кој повторно запиша “трипл-дабл“ од 35 поени, 14 скока и 14 асистенции, но ниту тоа не помогна неговиот тим да дојде до победа.

Top