четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 20 ново

За инает на Бугарите, охриѓани направија шопска за Гинис (ВИДЕО)

Најголемата шопска салата на светот е направена во Охрид, иако Бугарите со гордост ја претставуваат кралицата на салатите како свој специјалитет.И официјално најголемата шопска салата на светот е тешка е 202 килограми, и ја подготвувале девет часа.

За салатата готвачите исекле 80 килограми домати и краставици, 40 килограми сирење и 20 килограми кромид.
1SOPSKA

Целиот процес за подготвување на салатата вчера ја следеше претставник од Гинис за Источна Европа и специјално жири од членови од пет држави, пренесуваат охридските медиуми.
Комисијата грижливо го следеше процесот на подготовка, и на крај официјално потврди дека е направена салата тешка 202,86 килограми.

Шопската салата Преку Црвен Крст ќе биде донирана во хуманитарни цели.

Охрид пред три години, за Денот на рибарите се обиде да направи најголема рибина чорба на светот, но тогаш не се појавија преставниците од Гинис.

Top