недела, 22 октомври 2017 | Вести денес: 71 ново

Еве доказ: Швајцарците се светски манипулатори

franciИако е факт дека Швајцарија влијае на курсот, таа тоа го прави од други причини во споредба со Кина, па малку неоправдано се најде на листата на САД за светски манипулатори со курсот.

Американското министерство за финансии наведе дека Швајцарија е една од земјите кои манипулираат со курсот, покрај Јапонија, Кореја, Тајван, Кина и Германија.

Швајцарија, како што велат Американците, исполнува два од трите критериуми за да би можела да се означи како манипулатор – го одржува буџетскиот суфицит и нејзината централна банка редовно интервенира на девизниот пазар.

Третиот критериум, е да има трговски суфицит поголем од 20 милијарди долари, но не го исполнува, бидејки има суфицит од 13,7 милијарди. Централната банка на Швајцарсија SNB лани откупи околу 66 милијарди евра на девизниот пазар.

Аналитичарот од Адмирал маркетс Јосип Кокановиќ вели дека Швајцарската банка навистина се обидува да манипулира со курсот на својата валута и тоа го признава.

„Во секое обраќање до јавноста се наведува дека франкот е екстремно преценет и дека е потребно слабеење. Банката дури и намерно продаваше франци и купуваше евра за да го ослаби курсот, Но Швајцарците со тоа сакаат да спречат дефлација, а не директно да го зголемат извозот, како што тоа е случај кај Кина“, изјави валутниот аналитичар.

Top