недела, 23 април 2017 | Вести денес: 100 ново

Мурињо фатен на дело (ФОТО)

Непосредно пред победничкиот гол на Маркус Рашворд, со кој Манчестер јунајтед во продолжението славеше над Андерлехт за пласман во полуфиналето на Лигата на Европа, Жозе Мурињо имаше необичен ритуал покрај аут-линијата. Камерите ја фатија сцената кога менаџерот на Манчестер јунајтед вади мал предмет од џебот го бакнува и повторно го враќа назад. Среќната амајлија на Португалецот личи на мала книга со тектст на левата страна.

murinho-1

На прес-конференцијата по мечот новинарите го прашаа Мурињо за неговата амајлија и дали тоа им донело среќа на „црвените ѓаволи“ да стигнат до победа.

murinho3

-Нема врска со резултатот. Јас го правам тоа со години, но дури денеска видовте. Ете, тој ритуал го имам 17 години. Тоа е само моја религија и вера, со насмевка објасни Жозе Мурињо.

Top