недела, 23 април 2017 | Вести денес: 100 ново

Влатко Илиевски ќе се жени

Влатко Илиевски периодов е фокусиран на кариерата и наголемо работи на привршување на новиот материјал од солистичкиот албум кој треба да излезе наскоро, како и на албумот со групата “Морал” кој ќе го објават после подолга музичка пауза.

-Почнав многу да пишувам и уживам во тоа. Од мене излегува креативна енергија што, веројатно, долго време тлеела. Но ова, секако, не значи дека нема да продолжам да соработувам со едни од најдобрите македонски автори, како што се Дојчин, Дарко Тасев, Кристијан Габровски… Наскоро ќе ја промовирам и преработката на старата македонска песна “Комшивке убава“ од Ристо Бомбата и Кучешка тенија. Се надевам дека и оваа песна ќе го доживее успехот како и кога ја обработивме „Дојди ти во канџите наострени“. На овој начин младите генерации имаат можност повторно да ги слушаат старите добри хитови, откри Илиевски, кој во 2019 година планира да се жени.

-Спремен сум за нешто ново и сериозно, во 2019 планирам да се женам, се пошегува пејачот на Фејсбук.

Top