сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 33 ново

Добри вести за навивачите на Реал пред „Ел класико“, Герет Бејл ќе биде подготвен за дербито

geret bejl

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл ги израдува фановите на актуелниот европски првак со неговото присуство на тренинг пред дуелот со Барселона во шпанското првентсво. Бејл се повреди против Баерн во првиот дуел на „Алијанц арената“, по што следуваше пауза од два меча, односно го пропушти Спортинг Хихон и реваншот со „баварците“ на „Сантијаго Бернабеу“. И на двете средби Реал излезе како победник, Иско го реши Хихон во 90. минута за конечни 2-3, додека против Баерн по негативата од 2-1 во регуларните 90 минути, следуваше шоу на Роналдо, а мадридскиот клуб славеше со конечни 4-2 и пласман меѓу најдобрите четики екипи во Европа.

Избраниците на Зидан в недела (20.45 часот) ќе ја пречекаат Барселона во второто „Ел класико“ сезонава, а можеби и решавачки меч во трката за титулата во Шпанија. Тоа што Бејл ќе биде во стартните единаесет е дополнителна мотивација за тимот и францускиот стратег, со оглед дека Барса се опоравува од елиминацијата во ЛШ од Јувентус, а „кралевите“ се инспирирани и бараат победа за потврда на годинашната доминација во Шпанија.

Друга пријатна вест за Реал Мадрид е фактот дека и дефанзивецот Рафаел Варан се врати на тренинг, но засега не се знае дали ќе биде потполно подготвен за дуелот со Барса, додека Пепе започнал со работа по индивидуална програма за побрзо опоравување.

Top