среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 69 ново

Филипе Луис: Перфектен момент да им се реваншираме

atletiko madrid

Дефанзивецот на „јорганџиите“ Филипе Луис сака конечно да се израдува против градскиот ривал во Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид за помалку од една година доби шанса да се реваншира на Реал Мадрид, за поразот во ланското финале во Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ два пати во претходните три години играа во борба за трофејот, но во двата случаи Реал им ја скратуваше радоста во финалето.

Сега, градските ривали ќе играат во полуфиналето од елитната лига, а во Атлетико веруваат дека може да се радуваат по двомечот.

– Сега е перфектен момент да им вратиме – напиша дефанзивецот на Атлетико, Филипе Луис на својот Твитер профил.

Top