вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 98 ново

Трамп се огласи за нападот во Париз

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот налог на Твитер напиша дека вчерашниот атентат во Париз ќе изврши големо влијание врз претседателските избори во Франција, пренесе ТАСС.

-Уште еден терористички напад во Париз. Народот на Франција нема уште долго да го трпи ова. Тоа ќе изврши големо влијание врз претседателските избори!, напиша Трамп.

Американскиот претседател не прецизира кој од кандидатите за претседател на Франција, според него, ќе ја зголеми својата поддршка по атентатот.

Синоќа напаѓач од автоматска пушка отвори оган врз полицајци на парискиот булевар „Шанз-Елизе“. Еден полицаец е убиен, а двајца други се ранети. Напаѓачот е застрелан во престрелката што следела.

Францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека се истражува верзијата за терористички напад.

Во недела се одржува првиот круг од претседателските избори во земјата.

Top