понеделник, 29 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Татко и син краделе акумулатор, кога ги фатил полицаец го расекле

noz

Вчера во 20.50 часот во Прилеп, на ул. „Марксова“, полициски службеник од полициската станица Прилеп, кој бил на должност, забележал две лица како вршат кражба на алумулатор, по што тргнал кон нив.

Еден од сторителите, Р.Р. (42) од Прилеп, забележал дека им се приближил полицискиот службеник и со нож замавнал кон него, нанесувајќи му расекотина во пределот на десната дланка, по што побегнал.

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и привеле Р.Р. и неговиот 16-годишен син.

Повредениот полициски службеник е пренесен и задржан во Општа болница Прилеп, каде му е констатирана телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Top