недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

Македонија со Србија, Шведска и квалификант во квалификациите за ЕП

zenska rakometna reprezentacija

Женската ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2018 во Франција ќе игра во третата група во која противници ќе и бидат Шведска, Србија и победникот од претквалификациската група А во која се Финска, Фарски Острови и Грција. Со репрезентацијата на Шведска, македонските ракометарки ќе играат и годинава во баражот за СП 2017 во Германија.

Со ждрепката што се одржа денеска во Париз, 28 репрезентации беа поделени во седумте квалификациски групи со по четири селекции. Пласман на ЕП 2018 обезбедуваа првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација во квалификациите.

Квалификациските натпревари ќе се играат во три фази. Првите две кола се на 27 септември и 1 октомври, втората фаза (3 и 4.коло) е на 21 и 25 март 2018, а завршните две кола ќе се одиграат на 30 мај и на 3 јуни 2018.

ЕП во Франција ќе се одржи од 30 ноември до 16 декември 2018, домаќини ќе бидат Нанси, Нант, Монбелиар, Брест и Париз.

ГРУПА 1: Швајцарија, Украина, Хрватска, Норвешка

ГРУПА 2: Италија, Словачка, Полска, Црна Гора

ГРУПА 3: победникот од квалификациската група А, Македонија, Србија, Шведска

ГРУПА 4:Португалија, Австрија, Русија, Романија

ГРУПА 5: Исланд, Словенија, Чешка, Данска

ГРУПА 6: Литванија, Турција, Германија, Шпанија

ГРУПА 7: победникот од квалификациската група Б, Белорусија, Унгарија, Холандија

zenska rakometna reprezentacija zdrepka

Top