сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 21 ново

Палевски: Опструкциите по изборите кажуваат дека Заев нема стратегија и нема концепт (видео)

ВМРО- ДПМНЕ е политички непоразен како политички субјект на нашава политичка сцена, посочи за ТВНова поранешниот висок функционер на СДСМ, Љупчо Палевски.

-Опструкциите што по изборите се направија, а тоа е, конкретно ДУИ кои во предизборието е квалитетно искритикуван и исплукан од СДСМ, а денеска гледам како аргумент политички се употребуваат 700.000 гласови, кажува за немање стратегија и немање концепт на  Зоран Заев. Истите кои ги плукал и ги обвинувал за корупција и криминал заедно со ДПМНЕ, денеска се вбројани во неговите 700.000 гласови контра оваа власт или режим како што тој го нарекува.

Затоа треба да се договориме, тука имаме „вишок на карти“, вишок на гласови. ДУИ два пати се брои, и како ДУИ и како СДСМ. Вака, како што оваа весела математика Зоран Заев ја прави, а тоа е незнаење. Нема никаква стратегија за  да освои власт.

paleski

Љупчо Палевски потоа додава дека Заев не само што постизборно ги измамил Македонците, ги измамил и Албанците.

-Оваа политичка измама што е направена, постизборна, ДУИ се во коалиција со СДСМ, кој пак доби 70.000 гласа од разочарани Албанци кои го казнуваа ДУИ. Зоран Заев повторно ги измами и тие луѓе и повторно ги донесе во коалиција, ги врати кај Али Ахмети, бидејќи се заедно во тие 700.000 гласа. Значи, Албанците се исто така измамени како и Македонците- додава Палевски.

Top