вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 22 ново

Боб Дилан – бунтовниот бард на рокот што го промени светот

Ра­стев во вре­ме ко­га ро­ке­ри­те ни се обра­ќаа пре­ку нив­ни­те пес­ни и ко­га со на­чи­нот ка­ко го жи­ве­е­ја жи­во­тот се оби­ду­ваа да за­ста­пу­ва­ат не­кои иде­а­ли и да ос­тва­ру­ва­ат свои сни­шта. Поз­на­то е де­ка се­ко­ја ге­не­ра­ци­ја има свој стил, вкус, ста­во­ви и све­тог­лед, кои пр­во са­ма ги офор­му­ва, по­тоа ги из­не­су­ва и изра­зу­ва, а на кра­јот и ги тол­ку­ва. Пред сѐ мис­лам на му­зи­ча­ри­те што са­ка­ат да на­пра­ват бес­мрт­ни пес­ни. Тие, на­ви­сти­на, зна­ат да ја со­го­лат ду­ша­та – нив­на и на­ша. Се­ко­гаш се бла­гос­ло­ве­ни би­деј­ќи ни пра­ват ус­лу­га. Ве­ли­ме де­ка му­зи­ка­та нѐ обе­ди­ну­ва би­деј­ќи е рас­ка­жу­ва­ње при­каз­ни со кои мо­же­ме да се иден­ти­фи­ку­ва­ме. Тоа осо­бе­но ва­жи за фе­но­ме­нот на­ре­чен ро­ке­нрол. Ни­што во жи­во­тот не ме воз­бу­ду­ва­ше по­ве­ќе од не­го­ва­та ма­ги­ја. Таа ма­ги­ја – ро­ке­нрол – се крие во сме­са­та со­чи­не­та од му­зи­ка, мај­сторс­тво на из­вед­ба, прет­ста­ва и ри­ту­ал. Во пра­во е Брус Спринг­стин ко­га пее: „Не мо­жеш да за­па­лиш огин без искра“. Искра­та во ро­ке­нро­лот ја за­па­ли Ел­вис Прис­ли, со ко­го сѐ за­поч­на, и еве сѐ уште трае ве­ќе шест де­це­нии. Нај­зас­лу­жен за таа дол­го­веч­ност е нај­го­ле­ми­от по­ет на рок и блуз-по­е­зи­ја­та во му­зи­ка­та – Боб Ди­лан.

bob-dylan-5

„Зву­че­ше ка­ко не­кој со удар да ја отво­ра вра­та­та на на­ши­от ум“

Брус Спринг­стин (Мис­ла од го­вор при во­ве­ду­ва­ње­то на Боб Ди­лан во Ку­ќа­та на ро­ке­нро­лот во 1988 г.)

Ро­ден е ка­ко Ро­берт Ален Ци­мер­ман, на 24 мај 1941 го­ди­на, во ма­ло­то ру­дар­ско грат­че Ду­лут, Ми­не­со­та, САД, од ро­ди­те­ли Евреи, мај­ка Бе­ти, со по­тек­ло од Ли­тва­ни­ја, и та­тко Аби, со по­тек­ло од Ру­си­ја. Ка­ко мал бил пов­ле­чен и оса­мен, и единс­тве­но му­зи­ка­та го прив­ле­ку­ва­ла. Ги слу­шал блуз-пе­ја­чи­те Ма­ди Во­терс и Хо­лин Волф, рок-пи­о­не­ри­те Ел­вис Прис­ли и Литл Ри­чард, и кан­три-пе­ја­чот Хенк Ви­ли­јамс. За врс­ни­ци­те бил чу­ден тип, кој слу­шал чуд­на му­зи­ка. Од ра­ни го­ди­ни по­ка­жу­вал го­лем та­лент за ги­та­ра и пи­шу­ва­ње тек­сто­ви, а од­лич­но се сна­о­ѓал и во сви­ре­ње­то со ус­на хар­мо­ни­ка. Уште од нај­ра­на мла­дост ни­што не го­во­ри за се­бе, мно­гу ре­тко да­ва ин­терв­јуа, не се знае со ко­го жи­вее, ка­ко жи­вее, ка­ко ги по­ми­ну­ва де­но­ви­те ко­га е на тур­неи, но и ко­га не е. Ка­ко да му е нај­важ­но да оста­не што е мож­но по­та­инс­твен. Мно­гу че­сто да­ва не­точ­ни по­да­то­ци за се­бе, во сти­лот де­ка по по­тек­ло е Ин­ди­ја­нец од пле­ме­то Си­јукс и де­ка израс­нал во ре­зер­ват; или де­ка ка­ко де­те бил кид­на­пи­ран и израс­нал во цир­кус, ка­де што учел да ста­не фр­лач со но­же­ви. Ед­но­став­но, ни­ко­гаш не бил со­ци­ја­лен тип кој са­ка да се дру­жи со око­ли­на­та и со ко­ле­ги­те. Не е убав, ни­ту шар­мер. На де­вој­ки­те им изг­ле­да та­инс­тве­но и ми­стич­но, и ги прив­ле­ку­ва ка­ко маг­нет. Ни­ко­гаш на ни­ко­ја де­вој­ка или же­на не бил ве­рен, па та­ка Су­зи Ро­те­ло ја по­ни­жу­вал, Џо­ан Ба­ез ја иско­ри­сту­вал за сла­ва и по­ка­жал неб­ла­го­дар­ност кон неа, по­ве­ќе ин­те­ре­си­рај­ќи се за неј­зи­на­та се­стра Ми­ми Ба­ез. Со Са­ра Ло­ундс (со ко­ја ги има ќер­ки­те Ма­ри­ја и Ана и си­нот Џе­си), не­го­ва­та пр­ва же­на, бил во брак 12 го­ди­ни, пер­и­од во кој имал без­број па­ра­лел­ни вр­ски со дру­ги же­ни. Ке­ро­лин Де­нис е не­го­ва­та вто­ра же­на, а и таа не би­ла по­ште­де­на од не­верс­тва и по­ни­жу­ва­ња. Се збо­ру­ва де­ка скло­пил и две тај­ни брач­ни за­ед­ни­ци со Клај­ди Кинг и со Ке­рол Вудс, но тоа тој ни­ко­гаш не го по­твр­дил. Са­ра Ло­ундс, Еко Стар, Рут Ти­ран­гел, Ме­ги Ро­џер­сон, Су­зан Рос и мно­гу дру­ги му би­ле са­мо мин­ли­ви вр­ски за за­ба­ва. Но, кол­ку и да бил не­ко­му­ни­ка­ти­вен, не­дру­же­љу­бив, та­инс­твен, ми­сте­ри­о­зен, груб, склон кон ал­ко­хол и дро­га, ни­кој не мо­же да не­ги­ра де­ка бил нај­го­лем по­ет во му­зи­ка­та и де­ка не­го­ва­та му­зи­ка и по­е­зи­ја ра­ди­кал­но го сме­ни­ја ли­це­то на све­тот.

bob-dylan-3

Ка­ко сред­но­шко­лец поч­нал со рок-му­зи­ка, при што мно­гу глас­но ги из­ве­ду­вал хи­то­ви­те на Ел­вис Прис­ли и на Литл Ри­чард. За вре­ме на уни­вер­зи­тет­ски­те де­но­ви се фо­ку­си­рал на фолк-му­зи­ка­та ве­леј­ќи де­ка за не­го рок-му­зи­ка­та не би­ла до­вол­на би­деј­ќи пес­ни­те не го при­ка­жу­ва­ле жи­во­тот ре­ал­но иа­ко има­ат од­лич­ни фра­зи и ри­там што пул­си­ра. За фолк-му­зи­ка­та ве­лел де­ка е по­се­ри­оз­на би­деј­ќи пес­ни­те во неа се ис­пол­не­ти со по­ве­ќе та­га, очај, вос­хит, ве­ра во нат­при­род­но­то и со мно­гу под­ла­бо­ки чув­ства. Та­ка, прив­ле­чен од лу­ди­ло­то на ме­га­ло­по­ли­сот на­ре­чен Њу­јорк, поч­нал да на­ста­пу­ва по клу­бо­ви­те во Грин­вич Ви­лич, нај­пр­вин со пес­ни­те на не­го­ви­от идол Ву­ди Га­три (за­ед­но со Пит Си­гер, твор­ци на тра­ди­ци­ја­та на про­тест­на фолк-му­зи­ка во САД), а по­тоа и со свои автор­ски му­зич­ки ну­ме­ри. Од тоа вре­ме да­ти­ра­ат и не­го­ви­те пр­ви про­тест­ни пес­ни со су­ров, емо­ци­о­нал­но мо­ќен стил, прос­ле­ден со сви­ре­ње ус­на хар­мо­ни­ка. И не­ка­де во тоа вре­ме Ди­лан поч­ну­ва да пи­шу­ва со­ци­јал­ни пес­ни за лу­ѓе­то што би­ле жр­тви на не­прав­да, осо­бе­но по­ра­ди бо­ја­та на ко­жа­та, што му да­ва кре­ди­би­ли­тет на про­те­стен пе­јач. Не­го­ви­от бунт пре­то­чен во пес­ни­те „Смрт­та на Емет Тил“, „Ба­ла­да за До­налд Вајт“, „Ба­ла­да за Хо­лис Бра­ун“, „Оса­ме­на­та смрт на Хе­ти Ке­рол“ са­мо се во­вед во нај­го­ле­ми­те про­тест­ни пес­ни на­пи­ша­ни ко­га би­ло: „Гос­по­да­ри на вој­на­та“, „Вре­ми­ња­та се ме­ну­ва­ат“, „Ќе на­вр­не мно­гу дожд“ и пес­на­та ко­ја е пе­а­на на се­кој про­те­стен марш „Blowin’ In The Wind“, ко­ја ста­на хим­на на дви­же­ње­то за гра­ѓан­ски пра­ва. Да ус­пее и да ста­не пла­не­тар­но поз­нат и сла­вен му по­мог­на­ла Џо­ан Ба­ез, по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­на пеjач­ка, по­све­те­на на афро-аме­ри­кан­ско­то дви­же­ње за гра­ѓан­ски пра­ва во 50-ти­те и 60-ти­те го­ди­ни, ко­ја пе­е­ла на про­те­сти­те про­тив вој­на­та во Ви­ет­нам и на мар­ше­ви­те за со­ли­дар­ност со ра­бот­ни­ци­те. Би­ла пр­ва фолк-из­ве­ду­вач­ка ко­ја ус­пе­а­ла да се про­бие на вр­вот на топ-ли­сти­те за поп, рок и блуз-му­зи­ка. Боб Ди­лан и Џо­а­на Ба­ез за­ед­но пе­е­ле и ги из­ве­ду­ва­ле пес­ни­те на­пи­ша­ни од Ди­лан, на поз­на­ти­от Марш на Ва­шин­гтон, на кој Мар­тин Лу­тер Кинг, пред 300.000 лу­ѓе, го одр­жал ле­ген­дар­ни­от го­вор „Со­ну­вав сон“. Ос­нов­ни обе­леж­ја на Ди­лан во овие фе­но­ме­нал­ни пес­ни се ат­мо­сфе­ра­та што ја соз­да­ва, на­чи­нот на кој сви­ри ги­та­ра, ус­на­та хар­мо­ни­ка, фолк-по­е­ти­ка­та и сти­лот. Во си­те нив тој има по­ет­ска про­тест­на остри­ца, ка­ра­кте­ри­стич­на са­мо за не­го и за ни­кој друг. Си­те овие ка­ра­кте­ри­сти­ки го на­пра­ви­ја најз­на­ча­ен и нај­го­лем му­зи­чар во САД на си­те вре­ми­ња. За­ед­но со Битл­си бе­ше пред­вод­ник на кул­тур­на­та ре­во­лу­ци­ја во 60-ти­те го­ди­ни од 20 век, со ко­ја све­тот го транс­фор­ми­ра­ше не са­мо му­зич­ки, ту­ку и по­ли­тич­ки и ду­хов­но.

bob-dylan-1

По из­вес­но вре­ме по­втор­но се вра­ќа­ше на ро­кот или оде­ше во блуз во­ди­те. Во 1965 го­ди­на Ди­лан пра­ви пре­сврт во се­кој пог­лед: тек­сто­ви­те, па и са­ми­те нас­ло­ви на пес­ни­те, поч­наа да прет­ста­ву­ва­ат за­га­тка за се­бе. Тоа ќе инс­пи­ри­ра мно­гу кни­жев­ни кри­ти­ча­ри да пра­ват ана­ли­зи во де­це­ни­и­те што до­а­ѓа­ат, осо­бе­но што Ди­лан ни­ко­гаш не ги ана­ли­зи­ра­ше сво­и­те пес­ни, ту­ку оста­ва­ше се­кој да ги до­жи­вее на свој на­чин. Во се­то тоа, му­зич­ки­те аранж­ма­ни на пес­ни­те вклу­чу­ваа сѐ по­ве­ќе еле­ктрич­ни ин­стру­мен­ти, па та­ка прв­пат не­го­ви­те ком­по­зи­ции се на­ре­ку­ваа фолк-рок му­зи­ка. Ка­ко и да е, од то­гаш, па до де­нес, не­го­ва­та му­зи­ка ка­ко свес­но да из­бег­ну­ва се­ка­ква жа­нров­ска де­фи­ни­ци­ја. Факт е де­ка ка­ри­е­ра­та ја поч­на ка­ко аку­сти­чен ан­ти­по­ли­тич­ки про­по­вед­ник на ле­во­о­ри­ен­ти­ра­на­та Аме­ри­ка. На­бр­гу, пре­ку на­ве­де­ни­те пес­ни, ста­на и ме­си­ја и пра­ве­ден про­те­стен по­ет, но и на­дре­а­лен ро­ке­нрол-ли­ри­чар. Нај­го­ле­мо­то зна­че­ње на Ди­лан е во тоа што тој смис­ли це­лос­но нов ја­зик во по­пу­лар­на­та му­зи­ка, чиј­што сен­зи­би­ли­тет го гра­де­ше по­зај­му­вај­ќи од раз­лич­ни твор­ци – од Волт Вит­ман, пре­ку Ди­лан То­мас, до фран­цу­ски­те сим­бо­ли­сти.

bob-dylan-2

Тој во сво­и­те пес­ни ги обе­ди­ни рит­мот, хар­мо­ни­ја­та и ме­ло­ди­ја­та и на мо­дер­на­та му­зи­ка ѝ да­де до­дат­на вред­ност. Гла­вен „ви­нов­ник“ е што ле­ген­ди­те на мо­ја­та ге­не­ра­ци­ја не се ми­на­то. Со сво­јот та­лент и по­тен­ци­јал на ге­ниј на­пра­ви ми­то­ви­те, пре­да­ни­ја­та и бај­ки­те за ро­ке­нро­лот да тра­ат сѐ уште, ка­ко се­вкуп­но искус­тво на на­ше­то оп­штес­тво. Ка­ко ви­стин­ски умет­ник и ге­ниј не се сог­ла­си и не се со­ли­да­ри­зи­ра­ше со кур­сот на исто­ри­ја­та, ту­ку ка­ко долж­ност ја сфа­ти сво­ја­та уло­га во до­ка­жу­ва­ње де­ка ро­кот не е по­бе­ден и уби­ен. На­про­тив. Тој по­ве­ќе од 55 го­ди­ни е бун­тов­ник со при­чи­на и за це­ло вре­ме, ка­ко кул­ту­рен тво­рец, пре­ку сво­е­то му­зич­ко тво­реш­тво, се оби­ду­ва да ни го об­јас­ни вре­ме­то во кое жи­ве­е­ме. Ста­ну­ва збор за нај­го­ле­ма­та ико­на на ро­ке­нро­лот. Се­ка­ко и ико­на на аме­ри­кан­ски­от фолк и блуз, но и бун­тот во­оп­што. Жи­ва ре­ли­кви­ја на свет­ски­от ро­ке­нрол, кој пос­лед­ни­те 28 го­ди­ни жи­вее, пее и сви­ри на кон­церт­на­та тур­не­ја на­ре­че­на Never ending tour. Ка­ко по пра­ви­ло, се­ко­гаш е че­кор или два пред дру­ги­те. Тој не се за­до­во­лу­ва со об­јас­ну­ва­ње на ра­бо­ти­те, ту­ку од се­ко­гаш ини­ци­рал и про­ме­ни на си­сте­мот во кој жи­ве­е­ме. Не слу­чај­но уште во 1963 го­ди­на ја ис­пеа ле­ген­дар­на­та „The times, they are changing“ (Вре­ми­ња­та се ме­ну­ва­ат), во ко­ја кан­та­вто­рот, бун­тов­ни­кот, а де­нес и ла­у­ре­ат на Но­бе­ло­ва­та на­гра­да, пе­е­ше и по­ви­ку­ва­ше на про­ме­ни. Про­ме­ни за соз­да­ва­ње нов свет – по­пра­ве­ден и по­ху­ман. Оваа ком­по­зи­ци­ја, чиј­што текст е зас­но­ван на по­сту­ла­ти­те на гра­ѓан­ско­то дви­же­ње за чо­ве­ко­ви пра­ва во САД, ста­на ви­стин­ска сли­ка на фру­стра­ци­и­те на мла­ди­те од тоа вре­ме. Во неа се аку­му­ли­ра­ни си­те чув­ства про­тив то­гаш­ни­от по­ли­тич­ки естаб­лиш­мент и жи­во­тот кој тој го ка­на­ли­зи­ра­ше. Оваа му­зич­ка ну­ме­ра е про­тест­на пес­на, во ко­ја Ди­лан по­ви­ку­ва на свест и на ме­ѓу­себ­но раз­би­ра­ње. Тоа е апел за над­ми­ну­ва­ње на ге­не­ра­ци­ски­те раз­ли­ки и не­до­раз­би­ра­ња. Ина­ку, се по­ка­жа ка­ко мно­гу јас­на по­ра­ка – по­ра­ка ко­ја дејс­тву­ва­ше пот­тик­ну­вач­ки за се­оп­шта бор­ба за чо­ве­ко­ви пра­ва.

bob-dylan-6

Не мо­жам да не ја спом­нам и пес­на­та „Like A Roling Stone“ (Ка­ко ка­мен кој се тр­ка­ла), пес­на ко­ја и де­нес мно­гу­ми­на ја сме­та­ат ка­ко не­го­во есен­ци­јал­но де­ло. Инс­пи­ра­ци­ја за тек­стот до­бил од при­ја­тел­ка­та на Ен­ди Вор­хол, Ида Седж­вик, а вљу­бе­ни­ци­те во по­е­зи­ја­та го ви­доа Ди­лан ка­ко со­вре­мен Рем­бо, кој ис­ме­ју­ва не­кој нов Вер­лан. Ина­ку, по­и­мот „rolling stone“ или ка­мен кој се тр­ка­ла е ед­на од нај­у­ба­ви­те син­таг­ми во блуз и рок-по­е­зи­ја­та. Пре­во­дот ка­ко тал­кач или скит­ник во се­бе со­др­жи сли­ка ко­ја го над­гра­ду­ва зна­че­ње­то на овие збо­ро­ви со асо­ци­ја­ци­ја на не­кој кој низ жи­во­тот е во­ден од слу­чај­ни­те уда­ри на не­вид­ли­ва­та ра­ка на суд­би­на­та. Ле­ген­да­та на блу­зот Ма­ди Во­терс прв ис­пе­ал пес­на со овој нас­лов, ед­на гру­па од пред­гра­ди­е­то на Лон­дон се на­ре­че спо­ред блу­зот на Ма­ди (гру­па­та „Мо­ди блуз“ со хи­тот „Но­ќи­те во бел са­тен“), а нив­ни­от при­мер го сле­де­ше и Џен Ве­нер, кој го ос­но­ва­ше нај­поз­на­ти­от ма­га­зин за рок-кул­ту­ра­та – „Rolling Stone“. Мај­сто­ри­те, пак, на со­у­лот, гру­па­та „Темп­тејшн“, твр­деа де­ка нив­ни­от та­тко бил ток­му тоа (Papa Was A Rolling Stone’’). И та­ка… му­за­та ко­ја се тр­ка­ла­ла мно­гу за­ка­чи­ла, но нај­го­лем ефект по­стиг­на­ла во „су­ди­рот“ со нај­го­ле­ми­от по­ет на си­те вре­ми­ња, кој сво­ја­та по­е­зи­ја ја ре­ци­ти­рал со ги­та­ра в ра­ка – Боб Ди­лан. Ка­ко и се­кое умет­нич­ко де­ло, пес­на­та оста­на над­вор од вре­ме­то и од про­сто­рот, ка­ко ја­ка опо­ме­на на по­тро­шу­вач­ка­та ци­ви­ли­за­ци­ја, во ко­ја не­ко­гаш са­мо еден по­гре­шен че­кор во­ди од па­ла­та од бај­ки­те во кар­тон­ска ку­ти­ја на бе­скуќ­ник. Ина­ку, оваа ну­ме­ра има бу­квал­но сѐ: хар­мо­ни­ска стру­кту­ра ко­ја е дра­ма­тич­на, а при­каз­на­та е со­оп­ште­на со ме­ло­ди­ја по­вр­за­на со не­го­ви­от по­лу­ра­ска­жу­вач­ки и по­лу­пе­еч­ки стил. Не ѝ не­до­сти­га и му­зи­кал­ност бла­го­да­реј­ќи на фан­та­стич­ни­от ри­там. Ов­де е мо­мен­тот да го об­јас­нам спо­ме­на­то­то обе­ди­ну­ва­ње на рит­мот, хар­мо­ни­ја­та и ме­ло­ди­ја­та. Оваа пес­на ни да­ва ри­там на на­ши­те те­ла, ме­ло­ди­ја во на­ши­те ду­ши и хар­мо­ни­ја на умо­ви­те. Тоа е пес­на со мно­гу про­роч­ки збо­ро­ви, но и збо­ро­ви со скри­е­ни имп­ли­ка­ции во нив. Ток­му за­тоа ро­ке­нро­лот на Ди­лан над­ми­ну­ва сѐ ка­ко му­зи­ка, но и ка­ко умет­нич­ка фор­ма. Пес­на­та ле­то­то 1965 го­ди­на ги освои топ-ли­сти­те и во Евро­па и во САД. „Like A Roling Stone“ е ве­чен па­то­каз за си­те по­е­ти со ги­та­ра, кои са­ка­ат со сво­ја­та кре­а­тив­ност да ги про­би­ва­ат вос­по­ста­ве­ни­те гра­ни­ци.

bob-dylan-7

„Све­тот го во­дат тие што ни­ко­гаш не слу­ша­ат му­зи­ка“

Боб Ди­лан, „Та­ран­ту­ла“, кни­га на екс­пе­ри­мен­тал­на по­е­зи­ја

И се­га: на­ви­сти­на, кој е Боб Ди­лан? Се оби­ду­ва­ле да го де­фи­ни­ра­ат раз­ни му­зич­ки кри­ти­ча­ри, поз­на­ти со­ци­о­ло­зи, уште по­поз­на­ти фи­ло­зо­фи, и кој ли уште не. Јас ов­де ќе на­ве­дам ед­на комп­лекс­на де­фи­ни­ци­ја спо­ред мој ли­чен вкус: Кол­ку е ули­чен тру­ба­дур, тол­ку по­ве­ќе е и по­ет­ски бард. Но, и му­зич­ка рап­со­ди­ја, би­деј­ќи е и Ке­ро­ук, кој мо­же да пее, и Ба­ро­уз, кој во му­зи­ка­та ја ста­ви го­ле­ма­та па­ра­да на бит-ге­не­ра­ци­ја­та. Мо­же­би, најм­но­гу од сѐ по­ет­ско-му­зич­ка ре­во­лу­ци­ја во еден чо­век, чо­век со „грев“, што ги пре­са­дил рит­мот на блу­зот, со­у­лот и кан­три-му­зи­ка­та во тво­реш­тво­то на Ви­ли­јам Блејк и Волт Вит­ман, но и во со­др­жи­на­та на Биб­ли­ја­та. Са­ми­от е ре­мек-де­ло, кој соз­да­ва дру­го ре­мек-де­ло, во кое Хо­мер сви­ри на ги­та­ра, а Са­фо на ус­на хар­мо­ни­ка, при што си­те трој­ца пи­шу­ва­ат по­е­зи­ја, ко­ја ус­но ја изра­зу­ва­ат и пре­не­су­ва­ат, ка­ко по­е­зи­ја за уво. Ко­ми­те­тот за Но­бе­ло­ва на­гра­да са­мо го поз­на ова ре­мек-де­ло и го прог­ла­си за свој из­бор. До­се­га Но­бе­ло­ва­та на­гра­да ги афир­ми­ра­ше сво­и­те ла­у­ре­а­ти, а овој пат, на­про­тив, из­бран е Боб Ди­лан, единс­тве­ни­от чо­век што мо­же да ја ре­а­фир­ми­ра Но­бе­ло­ва­та на­гра­да. На­ви­сти­на тре­ба да би­де­ме среќ­ни што жи­ве­е­ме во вре­ме­то ко­га и тој сѐ уште тво­реч­ки би­ти­су­ва на пла­не­та­та Зем­ја.

Top