сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 15 ново

Велиновска не лаже, а агентот Бени имаше интересна улога во градбата на Бондстил

Ljupco-Palevski

Мирка Велиновска ме спомна во својата колумна дека сум и сведок околу закните директно од ЦИА или контракторот на ЦИА, извесен Бени, Арбен Џафери (со две точки во една од буквите на името). Да, точно е. Мирка не лаже, пишува на Фејсбук поранешниот висок функционер на СДСМ, Љупчо Палевски.

– Тогаш ги фати живи со Swift од 2 милионки марки на сметката на тогашниот лидер на PDSH, но веднаш се појавија ЦИА-шите на состаноци и “убедувања”. Се што пишала околу овој настан еве и официјално потврдувам дека е точно, но има една смешка и ситен детал што треба да го напишам. Мирка тогаш, а ни денес не се занимава и замара со бизнис и кеш, па го пропушти и тогаш, а и денес кога го напиша, наведува Палевски.

– Имено, извесниот Бени, кој имаше тазе произведен индентитет со две точки во една од буквите на името, имаше многу интересна улога во градбата на Бондстил на Косово. Браун и Рут како контрактор на Пентагон, ја започна градбата на воената база, но сиромашните косовари веднаш по бомбардирањето донесениот шлепер со цемент за градба на американската базата преку ноќ го снемуваше, едноставно го крадеа експресно, затоа што си ги поправаа сопствените запалени и срушени куќи по селата и градовите во Косово. Браун и Рут беа избезумени од таа снаодливост и крадење и ангажираа претставник на Неаполската мафија за Косово. После тоа Браун и Рут на раат си ја завршија целата работа.

– Тоа беше основната функција на Бени, кој заради Мирка и нејзиниот улов на вистинскиот Арбен Џафери со два милиони кеш од американците на неговата приватна сметка во Тирана, Бени доби статус во ЦИА во Скопје, стана Арбен Џафери. Ова мало и смешно дополнување на денешната колумна на Мирка има за цел да ја дополни целата слика на тогашните состојби и новинарски маки, пишанието е ВЕРОДОСТОЈНО, вели Палевски.

Top