вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 130 ново

Од ладно, поладно – викендов постудено и ветровито!

veter

Температурата утре ќе се спушти за дополнителни два-три степени во однос на денешните, особено кон истокот на земјата. Според УХМР, утринската температура утре ќе биде во интервал од – 6 до 3 степени. Позначајно спуштање ќе се почуствува во Кривопаланечко, во Пелагонија и во пониските делови од скопската котлина.

Зголeмување на утринската температура се очекува од вторник кога насекаде ќе бидат над нулата.

Северниот ветер ќе продолжи да дува и викендов, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. В недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а на планините од слаб снег преку ноќта. Дневната температура од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени, пред сѐ на југоистокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top