сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 22 ново

Хуманитарен семеен базар за Домот за деца без родители „11 Октомври“

Меѓународното училиште „Нова“ организира 11-то издание на големиот хуманитарен семеен базар. Ќе се продава традиционална храна од повеќе земји, книги, ракотворби, а ќе има и голем број на музички и танц настапи.
Настанот е закажан за утре (22 април, сабота) во 11 часот, а дел од собраните пари ќе бидат наменети за Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје.
Базарот е организиран од Здружението на родители на учениците во „Нова“. На настанот ќе бидат присутни повеќе амбасадори чии деца се школуваат во училиштето, а дел од нив ќе бидат задолжени и за подготовка и продажба на храната од земјата каде потекнуваат.
Top