сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 22 ново

Ракометарките денеска ќе ги дознаат противниците во квалфикациите за ЕП 2018

makedonska zenska rakometna reprezentacija

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае противниците за следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2018 во Франција. Со денешната ждрепка во Париз, 28 репрезентации ќе бидат поделени во седум квалификациски групи со по четири тима. Пласман на ЕП обебзедуваат првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација во квалификациите.

За денешната ждрепка, Македонија е во третиот барабан заедно со Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија и Турција.

Квалификациските натпревари ќе се играат во три фази. Првите две кола се на 27 септември и 1 октомври, втората фаза (3 и 4.коло) е на 21 и 25 март 2018, а завршните две кола ќе се одиграат на 30 мај и на 3 јуни 2018.

Ждрепка за квалификациите за ЕП 2018:

Прв барабан: Норвешка, Холандија, Романија, Данска, Шведска, Шпанија, Црна Гора

Втор барабан: Русија, Германија, Полска, Унгарија, Србија, Чешка, Хрватска

Трет барабан: Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија, Турција, Македонија

Четврт барабан: Италија, Исланд, Литванија, Португалија, Швајцарија, квалификант 1 и квалификант 2.

Top