сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 22 ново

На проблемите на Манчестер јунајтед им нема крај, Ибра со сериозна повреда на коленото (видео)

zlatan ibrahimovic

Жозе Мурињо како да немаше доволни проблеми со повредите во текот на целата сезона, па стратегот на Манчестер јунајтед сега извесно време ќе мора да се снаоѓа и без помошта на Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот ас настрада буквално во последната акција од мечот во Лигата на Европа меѓу Манчестер јунајтед и Андерлехт, откако лошо доскокна и остана да лежи на тревата, жалејќи се на болка во коленото. Дека повредата е сериозна беше веднаш очигледно, а откако истата не успеаја да ја санираат, клупските лекари заедно со Ибракадабра се упатија кон соблекуваните на „Олд трафорд“.

Според првичните информации станува збор за проблем со лигаментите, што многу лесно може да значи и крај на сезоната за шведскиот ас, уште еден голем проблем за Жозе Мурињо во обидор да обезбеди учество во ЛШ во следната сезона.

Во првото полувреме сериозна повреда заработи и дефанзивецот Рохо, кој на носилки мораше да биде изнесен од теренот и исто така подолго време ќе биде надвор од тимот на Јунајтед.

Top