вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 130 ново

Предавање на Пабло Алманса-фотографот на Хавиер Бардем, Ени Ленокс, Пласидо Доминго…

Оваа година повторно ќе се одржи сминарот Фотософија. Станува збор за бесплатен седумдневен семинар за напредна фотографија, кој предводен од Дамир Хојка се оддржува во средината на јуни. И оваа година петнаесет избрани семинаристи на предавања и на тематски фотосесии ќе дознаат како да се направи добар портрет, модна, рекламна и уметничка фотографија.

-Се радувам што наскоро ќе изберам нова генерација „фотософи“ со која ќе бидеме повеќе од 180. Моите асистенти и јас ќе се обидеме да им овозможиме на студентите да направат напредок во фотографскиот израз, да ја откријат во себе новата креативност и да ги пробијат своите граници – рече Хојка, кој е исклучително горд на фактот дека секоја нова група во само неколку дена станува дел од тимот и дели „Фотософија“, начин на размислување, комуникација и вредности.

10552551_10152564142690342_7910757966011419657_n

Организаторите информираат дека и оваа година продолжува успешната соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Хрватска. Откако минатата година на семинаристите предавање им оддржа мадридскиот фотограф Хавиер Салас, оваа година на „Фотософија“ доаѓа уште еден Шпанец, Пабло Алманса, фотограф од Мадрид, кој на 16 јуни – со приказ на неговите дела – ќе одржи предавање „Моите портрети и актови“. Познатиот Шпанец во својата кариера има фотографирано многу познати актери, спортисти и музичари како Хавиер Бардем, Леона Луис, Крег Дејвид, Ени Ленокс, Пласидо Доминго, Марио Варгас Љоса и Давид Виља … Влезот на предавањето е бесплатен, а сите заинтересирани ќе можат да се пријават  и да добијат Алманасов коментар за своето портфолио.

bardem-277605769

Низ темата на „Селебрити портрет“ семинаристите ќе фотографираат познати личности. Во последниве години фотографите на Хојка снимија многу ѕвезди од Хрватска и регионот, како што се Давор Гобац, Рене Биторајац, Дорис Пинчиќ, Миле Кекин, Ведран Мликоѕа, Бруно Шимлеша, Срѓан Гојковиќ Гиле, Зоран Предин, Барбара Колар…, со што фотографиите се објавени во водечките медиуми, исто како и фотографиите направени за време на снимањето на темата „Мода“.

timthumb

Конкурсот е отворен до 10 мај 2017 година, а семинарот ќе се одржи од 11 до 18 јуни 2017 година во Терме Тухељ. Како да се аплицира, може да се провери на страницата www.fotosofia.info.

На истата веб-страница е објавен и конкурсот „Фотософија 12 ФОТОмодела“ за фотомодели, шминкери, фризери и стилисти – соработници на снимањето на моднатите фотографии на „Фотософија 12“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top