сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 22 ново

Врховниот суд во Русија ги забрани Јеховините сведоци

Неколку списанија на групата руските власти ги ставија на листата на забранета екстремистичка литература, а обвинителите веќе долго време ги опишуваат како организација што ги уништува семејствата, поттикнува омраза и ги загрозува животите

Рускиот Врховен суд денеска донесе одлука со што Јеховините сведоци се оценуваат како „екстремистичка организација“. Со оваа одлука се забрануваат сите активности на групата на територијата на Русија.

Со ова решение судот ја одобри тужбата што беше поднесена од страна на руското Министерство за правда.

Исто така, Врховниот суд имотот на организацијата го претвори во државна сопственост.

Јеховините сведоци најавија дека ќе се жалат на одлуката на судот.

Неколку списанија на групата руските власти ги ставија на листата на забранета екстремистичка литература, а обвинителите веќе долго време ги опишуваат како организација што ги уништува семејствата, поттикнува омраза и ги загрозува животите.

Организацијата ги негира овие обвинувања.

Top