вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 125 ново

Во Германија уапсен Русин осомничен за нападот врз фудбалерите на Борусија Дортмунд

buss

­ Германската полиција приведе 28­-годишен Русин, под сомнеж дека е извршител на минатонеделниот напад врз автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, при што еден фудбалер беше повреден. Весникот „Билд“ објави дека приведениот е осомничен дека учествувал во 20 убиства, а го привлекол вниманието на хотелскиот персонал во близина на експлозијата.

Хотелскиот персонал навел дека додека се евакуирале луѓето од зградата, осомничениот Серхеј В. одлучил да не го напушта комплексот, влегол во ресторанот и си порачал вечера. Исто така ја сменил резервираната соба и побарал соба со поглед кон улицата.

Полицијата претпоставува дека ја активирал бомбата со далечински управувач. Германското обвинителство инцидентот го оцени како терористички напад. Се претпоставува дека Сергеј В. сакал да заработи пари.

Полицијата утврдила дека пред нападот тој преку интернет купил акции од Борусија Дортмунд за 78 000  евра. Со нападот сакал да предизвика пораст на вредноста на акциите и да заработи околу 4 милиони евра.

Вечерта на 11 април во Дортмунд пред четвртфиналето на Лигата на Шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Монако, во близина на авотбусот на германскиот фудбалери експлодира бомба, при што беше повреден дефанзивецот на Борусија, Марк Бартра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top