сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 90 ново

Ричард Гир протеран од Холивуд

Ричард Гир откри дека веќе не е пожелен актер во Холивуд, а отткри и зошто не сакаат да го ангажираат. Се работи за нешто што нема врска со актерството, туку за неговите ставови за Кина, односно Тибет, пренесува Мирор.

Актерот е долгогодишен борец за правата на Тибетанците и тврди дека влијанието на Кина на филсмската индустрија расте и затоа студијата не сакаат да го ангажираат.
Гир (67) во минатото владееше со Холивуд со незаборавните улоги во филмовите „Американски жиголо“, „Убава жена“, „Офицер и џентлмен“.
– Во некои филмови не можам да играм, зашто тоа нема да ѝ се допадне на Кина. Неодамна имав состанок на кој ми рекоа дека нема да ми го финасираат филмот, зашто тоа би ги вознелирило Кинезите, вели Гир за Холивуд репортер.

Гир се сеќава на непријатните искуства со еден кинески продуцент.
– Прво се согласи да работи со мене на еден независен филм, а две недели пред да почен да се снима филмот, ме викна да ми каже дека сепак не може. Се слушнавме на телефон, а да почневме да работиме заедно, да се сретневме, тој и неговото семејство веќе никогш немаше да можат да ја напуштат земјата, открива актерот.
Тој уште во 1993 година на доделувањето на Оскарите ја прозва Кина кога јавно зборуваше за нејзината окупација и укажа на „огромното кршење на човековите права“. Иако сите беа задоволни од неговата глума, студиото потоа му соопшти дека веќе нема да учестввуа на нивните прес-конференции.
Но, на крајот, како Гир да не се потресува многу поради ова. Работи на мали независни филмови, а неодамна изјави дека имал доволно успеси во последните триесет години, па може да си дозволи да има став.

Top