Доколку лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги послуша проопозициските експерти и свика седница надвор од Собранието и собраниските процедури со цел да конституира собраниско мнозинство, не само што ќе го прекрши Уставот, туку и ќе создаде парапарламент. Ќе добиеме паралелна институција на највисоката институција, а тоа е Собранието на Република Македонија, смета политичкиот аналитичар Никола Србов.
– Кога добиваме паралелна институција на највисоката институција, добиваме паралелна држава. Тоа де факто е федерализација. Во едниот – нивниот, ќе бидат албанските партии, вклучително и СДСМ, која повеќе не се препознава како македонска партија, а во другиот би била ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е поделба на државата. Доколку Заев се откаже од платформата, друг проблем би било тоа што ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите. Сите заборавивме дека во Македонија не му се даде шанса на победникот да направи Влада зашто беше уценет со еден постизборен документ. Платфорамата е измама. Има гласачи што гласале за програмата на Заев, а по изборите добиле друга програма – тиранска платформа што предвидува обезличување на државата – истакна Србов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Пловечките хотели заминуваат во минатото за туристите се нуди нова атракција (Видео)
-
Гвардиола ги собра сите, од чистач до директор и им одржа шампионски говор со кој ја воодушеви фудбалската јавност (Видео)
-
Дијабетично стапало: Раните на ногата алармираат дека нешто не е во ред
-
Исповед на чешката шампионка: Сакам секс од три часа, невиноста ја изгубив на 12 години