петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

„Дон Кихот“ на сцената на МОБ

Балетот „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус ќе биде изведен на 25 април 2017 година (вторник) на големата сцена на Македонската опера и балет. Кореограф на оваа украинско-македонска копродукција е Виктор Јаременко, уметничкиот директор на еден од трите најпознати балетски ансамбли во светот – Балетот во Киев, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева. Оркестарот од пултот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

Настапуваат: Мими Поп Алексова – Атанасовска во улогата на Китри и Бобан Ковачевски во улогата на Базил, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.  

Чешкиот композитор и виолинист Лудвиг Минкус (1826-1917) напишал неколку популарни балети, а речиси сите од нив, а особено балетот „Дон Кихот“ и денес се изведувани низ целиот свет. „Дон Кихот“ е балет во три чина базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес. Во него Минкус се покажува како одличен балетски мајстор и познавач на танцовиот стил. Во музиката, полна со мелодичност, силен ритмички пулс и чисти хармонски структури тој јасно го одразува духот на своето време.

Top