вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 22 ново

Влатко Стефановски уште еднаш покажа дека е најдобриот на овие простори

Концертот на македонскиот гитарист Влатко Стефановски и Биг Бендот на словенечката армија во Метрополис арената ке остане како еден од настаните кои ќе ги памети македонската публика.

„Чувам ноќ од будних“, „Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, „Чукни во дрво“, „Џипси сонг“ „Успаванку за Радмилу М.“ од „Бијело дугме“,  ја кренаа на нозе публиката и ја вратија во едни времиња кога со задоволство се слушаше музиката на овие бендови.

Но, Влатко и Биг Бенд ги изнанадија присутните не само со одличната изведба, туку и со изборот на песните, бидејќи покрај познатите песни на Стефановски, тие изведоа и познати фанк, џез и соул-песни, како „Superstition“ на Стиви Вондер.

А диригентот на Биг-бенд оркестарот на словенечката војска, Рудолф Гас, ја отпеа „Учи ме мајко, карај ме“, како подарок за македонската публика.

Синоќа, македонската публика имаше можност да ужива во одличен концерт и задоволство за сите сетила во организиација на Баги комуникации.

 

фото: Ангел Ситновски

Top