четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 101 ново

Внимавајте, не е хроно сѐ што ви продаваат

„Хронопроизводите“ сé почесто се наоѓаа на полиците како производи што би требало да ги привлечат купувачите заинтересирани за здрава исхрана. Често во понудата има и многу водичи за „хронокујна” и препораки за „хронорецепти”, што всушност е маркетиншка злоупотреба на сé попопуларниот режим на исхрана, кој се темели на фактот дека во одреден дел од денот треба да се јаде одредена храна бидејќи организмот може најдобро да ја искористи.

–Има многу лоши производи и плагијати што се продаваат под име на хроноисхрана- вели д-р Ана Гифинг, која прва го промовира овој нутриционистички режим низ конкретни совети, рецепти, како и работа со пациенти.

Д-р Гифинг во својата книга „Мои први залчиња”, посветена на правилната исхрана на децата, вели дека за хронорежим не се потребни готови „хронопроизводи”, туку дека најважни се времето на оброкот и изборот на намирници.

Појадокот е задолжителен, бидејќи тогаш организмот е најактивен во ослободување на масла кои се главни за обезбедување на енергија неопходна за работа на срцето и белите дробови. Во тој дел на денот би требало да се јадат јаглени хидрати – леб, разни житариц и масла од животинско потекло. Идеално време за ручек е околу 13-15 часот, а изборот би бил протеини од растително и животинско потекло, поточно месо и зеленчук кои се извор на „бавните” шеќери и влакна.

Навечер кога започнува периодот на одмор, најдобар оброк се салати од свеж зеленчук зачинети со ладно цедено масло и месо печено на скара.

Правила на „хрононутрициите“

– Задолжително три оброци на ден;

– Паузата меѓу оброци е 4 часа;

– Вечерата треба да биде најмалку 2 часа пред спиење;

– Забранети се газирани пијалоци и сите видови на грицки;

– Слатките се дозволени само од 16 до 18 часот, десертот дури еден до два часа по ручекот;

– Овошје не се јаде наутро и навечер;

– Леб, тестенини, како и скробните зеленчуци (компир, грашок) се јадат најдоцна до 15 часот;

– Најдобар е свежиот зеленчук, а ако се вари, подобар избор е да се вари на пареа;

– Кравјото млеко не е дозволено бидејќи тешко се вари, туку киселото млеко и сирењата;

– Маргаринот, растителни сирења (освен тофу-сирење од соја), растителна павлака, растителен шлаг и пекарски пецива не се дозволени, бидејќи се извор на индустриски транс-масти кои го зголемуваат нивото на лошиот холестерол.

Top