вторник, 23 мај 2017 | Вести денес: 68 ново

Гонзалез го враќа Борко Ристовски

Новиот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Шпанецот Раул Гонзалес го објави список на ракометари, на кои ќе смета за квалификациските дуели со Исланд, за пласман на ЕП 2018 во Хрватска.
Тој до Ракометната федерација на Македонија, достави листа од 28 ракометари, од кои ќе се бараат 16, што ќе настапат на двата квалификациски дуели со Исланд. Новиот кормилар во репрезентацијата го враќа голманот на Барселона, Борко Ристовски, кој заедно со Мартин Томовски, Кирил Колев, Никола Митревски и Даниел Ѓорѓески ја сочинуваат петорката меѓу стативите. Во споредба со СП во Франција, го нема Благојче Трајкоски од Охрид.
482476-gonzalez-go-vrakja-borko-ristovski

Македонија на 4 мај во Скопје и на 7 мај во Рејкјавик ќе ги одигра двата квалификациски натпревари за пласман на ЕП во Хрватска. Досега билансот е една победа дома над Украина, како и пораз од Чешка.
На списокот на Гонзалез ги наема левото крило на Металург, Давор Палевски, бекот на Ферлах Ристо Арнаудовски, Мартин Манасков од Вардар јуниор, Ласко Андоновски од Пролет, Бојан Маџовски од Пелистер и Јовица Младеновски од Охрид. Камбек имаат голманите Ристовски и Томовски, како и Филип Кузмановски и Немања Прибак, додека нови имиња на списокот се Дарко Димитриевски, Костадин Петров и Владо Недановски.

Top