вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 22 ново

Иванов и Иваниќ на бизнис-форум на стопанственици од Македонија и БиХ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ ќе се обратат денеска на бизнис-форум во Скопје што се организира во рамки на официјалната посета на Иваниќ на Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на бизнис-форумот кој е предвидено да се одржи во Министерството за надворешни работи, ќе учествуваат стопанственици од Република Македонија и од Босна и Херцеговина.

Во присуство на претседателот Иванов и председавачот Иваниќ, ќе биде потпишана и Спогодба за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.

Top