петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 33 ново

ЈП „Охридски комуналец“ ќе произведува биогориво

opstina ohrid logo

Во рамки на програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција – прв повик за проектни предлози од ИНТЕРРЕГ ИПА 2, 2014-2020 година, ЈП „Охридски комуналец“ во партнерство со Општина Лагадос, Државниот технички универзитет во Атина, Централниот сојуз на општина во Р. Грција и Факулетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид аплицираше за проектот „Одржливо управување и третман на биоотпад со користење методи за производство на биогориво (Sum Bio)“ и доби грант во износ од 1.320.000 евра, од кои 600.000 евра се предвидени за ЈП „Охридски комуналец“.

Обезбедувањето законски и финансиски услови за одржливо управување со отпадот и третман на истиот ќе доведе до успешен економски развој на јавното претпријатие и намалување на дивите депонии во охридскиот регион. Ваквите активности ќе доведат до заштеда на енергија бидејќи конвертирањето на биоотпадот во биогориво ќе генерира одреден процент од вкупното количество енергија што се користи.

(комерцијален текст)

Top