сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 39 ново

Нова шампионска титула за Ристовски и Лазаров со Барселона

Македонските ракометни репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски ја прославија новата шампионска титула со екипата на Барселона. Со победата на домашен терен против Бидасоа Ирун со 39-25  во натпреварот од 26.коло, Барселона ја обезбеди новата титула, седма по ред во шпанската АСОБАЛ лига.

Во отсуство на повредениот Гонзало перез де варгас, Борко Ристовски комплетно ја презеде одговорноста на голот на Барселона и го заврши натпреварот со 12 одбрани, а Лазаров постигна четири гола во новата победа на Барселона. Најефикасен во домашниот тим бeшe Аитор Арињо со максимални седум од седум, Тимоти Нгесан постигна шест, а Ваел Жалуз додаде пет гола.

Вистинскиот предизвик Барселона ја очекува в недела на гостувањето против Кил во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите и борбата за пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Top