среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 61 ново

Кај Јаја паша: Прегазено четиригодишно дете, состојбата е критична

Четиригодишно дете од село Морани е во критична состојба откако околу 13 часот било прегазено со автомобил на улицата „Цветан Димов“, кај Јаја-пашината џамија во Скопје.

Детето во безсознание било донесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Таму било итно оперирано.

МВР го потврди настанот.

Top