понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 19 ново

Австрија повикува на прекин на преговорите на ЕУ со Турција

Image: 0188696059, License: Rights managed, Austrian Foreign Minister, Sebastian Kurz gives a press conference after a meeting with his Bosnian counterpart in Sarajevo on March 27, 2014. Both ministers arrived for a two-day official visit to Bosnia and Herzegovina., Place: BOSNIA AND HERCEGOVINA, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.com, AFP

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц повика денеска за запирање на преговорите за членство на Турција во Европската унија.

– По референдумот во Турција не можеме само да се вратиме на прашањата. Неопходно е да пројавиме чесност што се однесува до односите Турција-­ЕУ, напиша Курц на Твитер.

Австрискиот министер повика за запирање на преговорите за членство на Турција во Унијата и наместо тоа да биде склучен договор за добрососедство.

Канцеларот Кристијан Керн изјави дека по вчерашниот референдум, „перспективите за членство на Турција во пракса се веќе погребани“.

– Влегуваме во нова ера, нагласи тој.

Top