понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 110 ново

Сликањето на вагон го чинеше живот – почина момчето што го удри струја

воз

Почина петнаесетгодишното момче кое на 7 април беше тешко повредено откако го удри струја додека се обидувало да се фотографира на вагон во депото на Македонски железници во Лисиче.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера попладне во Ургентниот центар во Скопје почина 15-годишниот малолетник од Скопје како последица од здобиените тешки телесни повреди-изгореници од втор степен.

Несреќата се случи на 7 април. Тинејџерот вечерта околу 19 часот се качил на вагон со цистерна со намера неговата 13-годишна другарка да го слика. Тој се доближил до електричен кабел кој бил под висок напон при што се здоби со изгореници.

Вработени во депото повикале Брза помош, а момчето беше пренесено во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top