вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 122 ново

Двегодишно дете падна под воз на железничката во Сиднеј (видео)

Мало невнимание скапо можеше да чини едно семејство од Сиднеј.

Двегодишно дете падна во  делот помеѓу возот и платформата на железничката станица во Сиднеј, непосредно пред возот да тргне од перонот.

zeleznicka-stanica

Благодарение на апелот на баба му и дедо му до надлежните на станицата да алармираат возот да не тргнува, избегната е поголема трагедија.

Малото момче е безбедно извлечено,  а неговите баба и дедо добија совет во иднина внуците да ги држат за рака кога го користат јавниот транспорт.

Top