среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Нерешлива енигма: Единствената држава за која ЦИА не знае баш ништо

Според документите кои ЦИА неодамна ги објавила за Израел, приказната за тоа дека јавноста верувала дека Америка знае или може да знае сè за Израел, не е точна.

Впечатокот што го имала јавноста во ерата пред компјутерите дека САД прислушуваат, фотографираат, шпионираат и имаат агенти во врвот на владата и војската, бил погрешен. Тоа го покажуваат илјадниците објавени документи на ЦИА кои се однесуваат на Израел, а кои во последните недели им станаа достапни на сите.

Како што се наведува, поголемиот дел од милионите страници ги произвела ЦИА, но има и материјали што ги прибавиле министерствата за одбрана и надворешни работи, и други разузнавачки служби.

Некои од тие материјали биле достапни и претходно, но за нивно читање било неопходно пријавување во Националните архиви во предградие на Вашингтон.

Сепак, не е сè објавено, бидејќи поедини параграфи, па и цели страници за нуклеарни информации се цензурирани.

Тоа открива дека Американците одвај да знаеле по некоја тајна и дека имале голем број лажни информации, идеи, трачеви.

ЦИА била целосно несвесна дека израелската премиерка од 1969 до 1974 година, Голда Меир, боледувала од терминален лимфом, а агентите го откриле тоа откако починала, во 1978 година.

Во еден доверлив документ било напишано: „ние апсолутно немавме поим за нејзината фатална болест“.

ЦИА формирала тим да го проценува физичкото и менталното здравје на светските лидери, па на крајот од седумдесеттите тоа одделение во фокусот ја имало здравствената состојба на лидерите на Советскиот сојуз, најмногу на Леонид Брежњев, но и на тие после него.

Причината за тоа, според наводите, била разбирлива, бидејќи од 1982 до 1985 година, еден по друг починале Брежњев, Андропов и Константин Черњенко, отворајќи му место на Михаил Горбачов.

Физичката и психичката состојба на различни лидери и односот на силите во лидерството имале пресудно влијание на формирањето на советските политики и безбедноста на САД, како и мирот во светот.

Top