вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 125 ново

Не треба да верувате во тоа дека математичарите се чудаци, тие се уметници

Ви­ла­ни е еми­нен­тен фран­цу­ски на­уч­ник, про­фе­сор на Уни­вер­зи­те­тот во Ли­он 1, ди­ре­ктор на Ин­сти­ту­тот „Анри По­ен­ка­ре“, а од пред три го­ди­ни е член на Фран­цу­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и на умет­но­сти­те. Го сме­та­ат за вр­вен ма­те­ма­тич­ки ам­ба­са­дор и поп-про­мо­тор на ма­те­ма­ти­ка­та. Ви­ла­ни па­ту­ва мно­гу би­деј­ќи, ка­ко што ве­ли, па­ту­ва­ња­та со со­ста­вен дел од ка­ри­е­ра­та на еден ма­те­ма­ти­чар и се мно­гу важ­ни

Ха­риз­ма­ти­чен, екс­цен­три­чен, со остар ум и од­лич­на смис­ла за ху­мор, а пред сѐ свет­ски сла­вен, фран­цу­ски­от ма­те­ма­ти­чар Се­дрик Ви­ла­ни ми­на­та­та не­де­ла бе­ше во Скоп­је, ка­де што одр­жа пре­да­ва­ње на те­ма „Умет­но­ста и ма­те­ма­ти­ка­та“. Са­ла­та во Ма­ке­дон­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки и умет­но­сти­те бе­ше пре­тес­на за да ги при­ми си­те ака­де­ми­ци, про­фе­со­ри, сту­ден­ти, ма­те­ма­ти­ча­ри и лу­ѓе на кои при­сус­тво­то и пре­да­ва­ње­то на Ви­ла­ни за мо­мент им до­не­се нов пог­лед на ма­те­ма­ти­ка­та. Дво­ча­сов­но­то пре­да­ва­ње на Ви­ла­ни се сле­де­ше со го­ле­мо вни­ма­ние и тр­пе­ние, а фран­цу­ски­от на­уч­ник, без па­у­за, по­тоа од­го­ва­ра­ше на пра­ша­ња­та од при­сут­ни­те.

Ви­ла­ни е на бал­кан­ска тур­не­ја и ве­ќе ги по­се­ти Под­го­ри­ца, Но­ви Сад, Бел­град и Ниш, од ка­де што ди­рект­но до­па­ту­ва во Скоп­је.

„Ма­те­ма­ти­ка­та и умет­но­ста одат ед­но со дру­го. Ма­те­ма­ти­ка­та прет­ста­ву­ва умет­ност. Но, таа има мно­гу па­ра­до­кси, таа е ри­го­роз­на и има­ги­на­тив­на, а ри­го­роз­но­ста пра­ви ма­те­ма­ти­ча­ри­те да би­дат го­ле­ми на­уч­ни­ци“, ве­ли Ви­ла­ни.

sedrik-vilani-241-2

Ви­ла­ни (43) во 2010 го­ди­на го до­би Филд­со­но­ви­от ме­дал, кој е екви­ва­лен­тен на Но­бе­ло­ва­та на­гра­да во ма­те­ма­ти­ка­та, за „до­ка­зи за не­ли­не­ар­но при­ду­шу­ва­ње на Лан­дау и кон­вер­ген­ци­ја кон рам­но­те­жа на ра­вен­ка­та на Болц­ман“. Тој е од­ли­ку­ван и со Ле­ги­ја на че­ста. Освен пре­стиж­ни­от ме­дал на Филдс, тој е до­бит­ник и на по­ве­ќе на­гра­ди и приз­на­ни­ја, ка­ко на­гра­да­та „Луј Ар­мен“ во 2001 го­ди­на, „Пе­ко-Ви­мон“ во 2003, на­гра­да­та за пре­да­вач од Ме­ѓу­на­род­ни­от кон­грес на ма­те­ма­ти­ча­ри­те во 2006 го­ди­на, на­гра­да­та „Жак Ебран“ во 2007 го­ди­на.

Тој е еми­нен­тен фран­цу­ски на­уч­ник, про­фе­сор на Уни­вер­зи­те­тот во Ли­он 1, ди­ре­ктор на Ин­сти­ту­тот „Анри По­ен­ка­ре“, а од пред три го­ди­ни е член на Фран­цу­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и умет­но­сти­те. Го сме­та­ат за вр­вен ма­те­ма­тич­ки ам­ба­са­дор и поп-про­мо­тор на ма­те­ма­ти­ка­та. Ви­ла­ни па­ту­ва мно­гу би­деј­ќи, ка­ко што ве­ли, па­ту­ва­ња­та со со­ста­вен дел од ка­ри­е­ра­та на еден ма­те­ма­ти­чар и се мно­гу важ­ни.

Не­го­ви­те глав­ни те­ми на истра­жу­ва­ње се ки­не­тич­ка­та те­о­ри­ја и при­ме­на­та на оп­ти­ма­лен транс­порт, за што на­пи­шал две ре­фе­рент­ни кни­ги: „Те­ма­ти­ки во оп­ти­мал­ни­от транс­порт“ (2003) и „Оп­ти­ма­лен транс­порт, во ми­на­то­то и де­нес“ (2008). Автор е и на де­ла­та „Жи­ва те­о­ре­ма“ (2013) и „Ку­ќа­та на ма­те­ма­ти­ка­та“ (2014).

Го­сту­ва­ње­то на Ви­ла­ни во Ма­ке­до­ни­ја бе­ше ор­га­ни­зи­ра­но во со­ра­бо­тка од Уни­вер­зи­тет­ска­та аген­ци­ја на фран­ко­фо­ни­ја­та и МА­НУ.

sedrik-vilani-241-4

Да­ли во се­кој чо­век ле­жи скри­ен ма­те­ма­ти­чар? Или, мо­же­би, тоа не е на­у­ка за се­ко­го?

ВИ­ЛА­НИ: Во се­кој од нас, мо­же­би, спие не­кој ма­те­ма­ти­чар. Ме­ѓу­тоа, и по­крај тоа што не мо­ра да ста­не­те Пи­ка­со, се­пак, мо­же да са­ка­те да на­пра­ви­те не­ка­кви цр­те­жи. И по­крај тоа што, мо­же­би, не­ма да ста­не­те не­кој го­лем истра­жу­вач по ма­те­ма­ти­ка, мо­же да ја це­ни­те таа уба­ва дис­цип­ли­на. Ма­те­ма­ти­ка­та, по­ве­ќе или по­мал­ку, се­кој мо­же да ја сов­ла­да до одре­де­на гра­ни­ца. Но, за да би­де­те вр­вен ма­те­ма­ти­чар, по­треб­но е мно­гу пра­кти­ка и мно­гу веж­ба­ње.

 

Мож­но ли е лу­ѓе­то да ја за­са­ка­ат ма­те­ма­ти­ка­та?

ВИ­ЛА­НИ: Отка­ко па­ме­там за се­бе, јас ја са­кам оваа на­у­ка. Ма­те­ма­ти­ка­та е на­у­ка што мо­же мно­гу да им по­ну­ди на мла­ди­те. Еден од на­чи­ни­те за де­ца­та да ја за­са­ка­ат ма­те­ма­ти­ка­та е пре­ку игра, на при­мер. За да се за­са­ка ма­те­ма­ти­ка­та, тре­ба да се поч­не со неј­зи­но изу­чу­ва­ње од нај­ра­на во­зраст.

 

Зо­што се по­вр­за­ни ма­те­ма­ти­ка­та и умет­но­ста?

ВИ­ЛА­НИ: Ма­те­ма­ти­ка­та и умет­но­ста одат ед­на со дру­га. Ма­те­ма­ти­ка­та прет­ста­ву­ва умет­ност. Оваа на­у­ка има мно­гу па­ра­до­кси, ри­го­роз­на е и има­ги­на­тив­на. Ри­го­роз­но­ста пра­ви ма­те­ма­ти­ча­ри­те да би­дат го­ле­ми на­уч­ни­ци. Ма­те­ма­ти­ка­та е ап­стракт­на и уни­вер­зал­на, а исто­вре­ме­но е де­мо­крат­ска и не­ед­на­ква. По­ве­ќе­то лу­ѓе мис­лат де­ка ма­те­ма­ти­ча­ри­те се вон­зем­ја­ни, со по­се­бен мо­зок. Ма­те­ма­ти­ка­та е единс­тве­на на­у­ка во ко­ја ви­сти­ни­те се веч­ни. Од ед­на стра­на, ма­те­ма­ти­ка­та е со­ци­јал­на на­у­ка, но, од дру­га стра­на, тоа е на­у­ка ко­ја го пра­ви ма­те­ма­ти­ча­рот са­мот­ник. Тој е сам со се­бе ко­га се тру­ди да ре­ши ма­те­ма­тич­ки проб­лем. Ма­те­ма­ти­ка­та е ед­но­став­на и те­шка на­у­ка, а исто­вре­ме­но е на­уч­на и умет­нич­ка дис­цип­ли­на. За­тоа не тре­ба да ве­ру­ва­те де­ка ма­те­ма­ти­ча­ри­те се чу­да­ци. Тие се умет­ни­ци. И кај нив, ка­ко и кај умет­ни­ци­те, по­стои сом­неж, љу­бо­пит­ство, па­си­ја, жар.

sedrik-vilani-241-3

По­сто­ја­но сте во кон­такт со лу­ѓе, сту­ден­ти, зна­е­те ка­ко тие раз­мис­лу­ва­ат. Умет­но­ста, мо­же­би, ни­ко­гаш не­ма да го спа­си све­тот, но да­ли ма­те­ма­ти­ка­та мо­же да го сто­ри тоа?

ВИ­ЛА­НИ: Ма­те­ма­ти­ка­та се оби­ду­ва да соз­да­де ред во све­тот. Таа е нај­у­ба­ва фор­ма на ре­зо­ни­ра­ње. Си­те слав­ни умет­ни­ци има­ле одре­ден мо­мент во сво­е­то тво­реш­тво ко­га дла­бо­ко би­ле не­за­до­вол­ни од тоа што го пра­ве­ле и во еден мо­мент поч­ну­ва­ле да пра­ват не­што но­во. Та­ка е и кај истра­жу­ва­чи­те. Раз­лич­ни ма­те­ма­ти­ча­ри има­ат раз­лич­ни сти­ло­ви, ка­ко што има­ат и умет­ни­ци­те. По­сто­јат мно­гу до­пир­ни точ­ки ме­ѓу умет­но­ста и ма­те­ма­ти­ка­та, но, спо­ред ме­не, нај­важ­но е на кој на­чин ма­те­ма­ти­ка­та се ре­а­ли­зи­ра во умет­но­ста.

 

Да­ли ва­же­вте за ге­ниј ме­ѓу со­у­че­ни­ци­те ко­га бе­вте де­те?

ВИ­ЛА­НИ: Обич­но бев прв во мо­јот клас и бев мал чу­дак.

 

Да­ли же­ни­те ја са­ка­ат ма­те­ма­ти­ка­та?

ВИ­ЛА­НИ: Не­кои же­ни да. Во пос­лед­на­та про­мо­ци­ја на ме­да­лот на Филдс има­ше ед­на же­на, ко­ја­што по по­тек­ло е од Иран.

Разговараше: Александра М. Бундалевска
Фото: Дејан Станчевски
(Текст објавен во 241. број на неделникот „Република“, 14.04.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top