среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Велиновска: Со сигурност знам дека на светот нема психијатар што може да излекува ваква ментална состојба

mirka

Значи, сенаторот Мекејн, дрто копито на мафијашката американска подземна држава, дојде да го опомене македонскиот народ, а повеќе ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициски партнери, мирно и „демократски“ да му се предадат на Црпко Заев оти вашингтонското мочуриште ќе ја стави Македонија на дневен ред на Советот за безбедност во ООН како земја што ја загрозува регионалната стабилност, пишува Мирка Велиновка во својата последна колумна Македонија не можела без Албанци, ама можела без Македонци.

„Иако официјално Мекејн не е на власт, а е Соросов платеник и активен пучист, ете тој доаѓа кај макар формално официјални државни функционери кои победиле на избори без нивна дозвола. Тоа де што го бара нашиот менталец Фрле. Нели неодамна рече оти за пет минути можела да се заврши работата без Собранието: „Советот за безбедност за пет минути може да одлучи Македонија да мора да си го смени името и да и даде име. Така веднаш ќе влеземе во НАТО и заврши приказната мирно и без таламбаси на Македонците“. Демек, Букурешт и Версај во ново постмодерно пакување“.

„Сенаторов и нашиов „крелац“ кои цапнале во наци-фашистичка зона на самракот бараат освојување на земјата што малкумина ќе ја владеат како да нема мнозински народ – стопан. Зашто народот бил глуп, небањат и неспособен. Со сигурност знам дека на светот нема психијатар кој може да излечи ваква ментална состојба. Не може ни да ја стави под контрола со лекови. За вакви е потребно радикално интервенирање. На новоизбраниот српски „прецедник“ Александар Вучиќ (колегата на Бранко Црвенковски по мангупирење и собирање функции), на кого му се рашетува пучистичкото пајче на Сорос и ЦИА веќе 10 дена по Белград, му се падна пред Мекејн да глуми загриженост за македонската криза која го дестабилизирала цел регион!? Демек, регионот не ја дестабилизира ни Македонија, а ни Србија, туку жртвата да ти ја матела водата на добриот волк во Тирана, што е негова сељачка освета за „нашата“ сељачка Мекејнова надворешна политика кон Kосово, а спротивно на интересите на Србија, Македонија и Грција. Така се прави тоа, господо, уште од времето на Цезар. Едни против други за трети.“, пишува Велиновска.

Top