вторник, 23 мај 2017 | Вести денес: 68 ново

СЦБТ: СДСМ и СОРОС по секоја цена се обидуваат да го нарушат нашето успешно работење

640scbt

Деструкцијата која медиумите блиски до СДСМ, а финансирани од СОРОС ја демонстрираат на дело, ја манифестира нивната нервоза и сакаат со таквата политика да го покријат нивното распродавање на државните интереси и државата, како и носењето на Тиранската Платформа, велат од Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на СЦБТ:

СДСМ по секоја цена сака да оцрни нечиј личен углед или да дискредитира некоја успешна институција или успешен проект на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е и случајот со неколку дневната медиумска хајка од страна на медиумите на СДСМ и СОРОС, каде што по секоја цена се обидуваат да го нарушат угледот на директорот Златко Перински и успешното работење на еден од најголемите и најдобри спортски центри на Балканот, Спортскот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.

За нашата успешност како институција говори и податокот што во 2016 година Друштото за прв пат ќе оствари добивка и со самото тоа е постигната целта на основањето на Друштвото – економично и домаќински стопанисување со државен имот. Да потенцираме дека ова се случува во сериозна политичка криза во државава, која е наметната и креирана од страна на СДСМ.

Во рамки на спортскиот центар фунцкионираат спортски сали, базен, аква парк, тениски игралишта, фитнес капацитети, лизгалиште за хокеј и рекреативно лизгање, како и многу други можности кои се во функција на сите граѓани. Сето ова е изградено во време на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак во време на СДСМ не можеше да се замисли вакво нешто.

Да потсетиме дека СДСМ во нивното владеење ги раскрчмуваа државните стопански и институционални капацитети, притоа затворајќи 684 такви капацитети, присвојувајќи го државниот имот во рацете на нивните олигарси.

Денес, тоа не е случај, денес ние одговорно менаџираме со спортскиот центар Борис Трајковски, притоа инвестирајќи во нови капацитети и содржини, како отворен базен, нова затворена тениска арена и гимнастичка сала.

Ниту една политичка мотивирана хајка против спортскиот центар, личниот углед и интегритет на директорот Златко Перински не може да ја прикрие продажбата на државните интереси која во моментов ја спроведува СДСМ.

Top