недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 8 ново

Земјата која Македонците ја обожаваат и официјално е најдобра за одмор

Светскиот економски форум изработи извештај, во кој се наведува кои места се најбезбедни, најчисти и најевтини за туристите. Овој извештај се прави на секои две години, а во изборот влегуваат 136 земји.

Факторите кои се земаат предвид се безбедноста, пристапот до технологијата, состојбата на инфраструктурата и природните ресурси.

Врз основа на сето тоа Шпанија оваа година се најде на врвот на листата. Таа земја доби оценка 5.43, а високи оценки доби и за воздушен сообраќај, туристичките услуги, културните ресурси, односно музеите и популарните туристички атракции.

Оценката од 5.32 Франција ја донесе на второ место, благодарение на добрите културни ресурси и инфраструктурата, а на трето место е Германија со 5,28, која има најголема оценка за чиста земја.

Уште некои од државите кои се најдоа на листата се Јапонија (5,26), Велика Британија (5,20), САД (5,12), Австралија (5,10), Италија (4,99), Канада (4,97) и Швајцарија (4,94).

Top